Ејми Ли

Ејми Ли
Amy Lee
Ејми Ли 2015
Животописни податоци
Родено имеЕјми Лин Ли
Роден(а)13 декември 1981(1981-12-13)(43 г.)
Риверсајд, Калифорнија, САД
ПотеклоЛитл Рок, Арканзас САД
Жанровиалтернативен метал
Занимањамузичар, пејачка, текстописец, пијанист
Инструментивокал, пијано, оргули[1], гитара, харфа[2]
Период на активност1995–
ИздавачиWind-up
СоработнициEvanescence
Мреж. местоwww.Evanescence.com
Значајни инструменти
Baldwin Piano

Ејми Лин Харцлер (англиски: Amy Lynn Hartzler; р. 13 декември 1981) попозната како Ејми Ли (Amy Lee) — американска пејачка и автор на многу песни. Таа е класичен пијанист. Таа исто така претставува водечки вокал на рок групата Evanescence. Таа има влијателно ниво почнувајќи од класиката, на пример Моцарт, па сè до модерните изведувачи како Бјорк, Тори Амос, Дени Елфман[3] и Пламб.[4]

Животопис

Ран живот

Ејми е дете на Џон Ли-диск џокеј (диџеј) и Сара Каргил. Има еден брат-Роби и две сестри-Кери и Лори. Исто така имала и сестра која починала на тригодишна возраст во 1987 година од сѐ уште неидентификувана болест.[5] Песната „Hello“ од Fallen е напишана за нејзината мртва сестра исто како и песната „Like You“ од The Open Door.[6] Ејми земала часови за класично пијано уште кога имала девет години. Нејзиното семејство се преселило на повеќе места, како Флорида и Илиноис,[7] но случајно преселувајќи се во Литл Рок, Арканзас се формирала и групата Evanescence. Ејми почнала да учи во Middle Tennessee State University за музичката теорија и композиции, а подоцна работела на кариерата на бендот.[8]

Во интервјуто за AOL Music Ејми изјавила дека првите песни што ги напишала се "Eternity of the Remorse" and "A Single Tear". Првата песна ја напишала кога имала 11 години, а втората кога имало доделување за дипломи во осмо одделение.[9]

Свршување и брак

На 9 јануари 2007 година во емисијата Live @ Much таа изјавила дека минатата ноќ се свршила. Подоцна и потврдила дека била побарана за жена од страна на Џош Харцлер, терапевт и долгодишен пријател.[10] Ејми исто така рекла и дека песните „Good Enough“ и „Bring Me to Life“ ги напишала инспирирана од него.[11] Овој пар се венча на 6 мај 2007 година, а нивниот меден месец бил на место близу Бахамите.[12] Ејми соопштила дека отсега наваму е официјална Г-ѓа Харцлер.[13]

Evanescence

Ли на наградите „Скрим“ во 2007 г.

Формирање

Ејми го водела бендот заедно со гитаристот Бен Муди. Тие двајца се запознале во младински камп, откако Муди ја чул Ејми како ја пее песната свири на пијано песната од Мит Лоуф, „I'd Do Anything For Love (But I Won't Do That)“.[14] За еден месец парот почнал да изведува во книжарниците и во кафе баровите во Арканзас,[15] а снимиле и два EP албуми Evanescence EP (1998) и Sound Asleep EP (1999). Во 2000 година Evanescence снимиле подолг EP албум наречен Origin. Овој албум содржи три песни кои подоцна се појавиле во нивниот прв студиски албум Fallen, сите напишани од Бен Муди и Ејми Ли, а тоа се: „Whisper“, „Imaginary“ и „My Immortal“. Подоцна се појавила бенд верзија на „My Immortal“ која е направена за да можат да ја спуштаат обожавателите кои ја купиле официјалната верзија на Fallen.[16] Бенд верзијата подоцна била вклучена во подоцните верзии на албумот во бразилските, боливските и аргентинските едиции.

На 22 октомври 2003 година Бен Муди го напуштил бендот поради "креативни разлики". Во интервју неколку месеци подоцна, Ејми рекла: „...дојдовме до момент кога ако нешто не се променеше, немаше да можеме да го снимиме вториот студиски албум“. Таа исто така рекла „Ние сме конечно вистински бенд, а не само Бен и јас и неколку други луѓе фрлени заедно со нас.“[15] Поранешниот гитарист на бендот Cold гитаристот, Тери Балсамо го заменил Муди во бендот, и како гитарист, и како текстописец заедно со Ејми.

Соло албум

За време на интервју во октомври 2008 година, за магазинот Spin, Ејми Ли изјавила дека таа напишала неколку песни, кои најверојатно ќе бидат за нејзиниот соло албум. Таа не кажала кога ќе биде издаден албумот.

Стил и имиџ

Ли изведува на концерт на Evanescence во Саун Пауло, Бразил

Во јавноста Ејми Ли носи викторијански или стилизирани алишта.[17] Некои од нејзините алишта биле инспирирани од Готската мода. Таа исто така има дизајнирано многу од своите алишта вклучувајќи ги и оние кои ги носи за време на спотот на песната „Going Under“, фустанот што го носела на наградите „Греми“ во 2004 година, а и фустанот кој го носи на омотот од албумот The Open Door. Откако ги дизајнирала тие алишта Ејми одбрала алиштата да и ги дизајнира Јапонскиот дизајнер Х. Наото.[18] На концертите таа носи корсет и мрежести хулахопки како и долги фустани и чизми до колена. Одреден период таа имаше пирсинг на левата веѓа, што е видливо на омотот од албумот Fallen.

Во неколку интервјуа Ејми рекла дека никогаш не би ги покажала своите гради за да привлече внимание на себеси. Во музичкото видео за песната „Everybody's Fool“, таа глуми артисти кои прават секс појави за да ѝ се допаднат на публиката. Многу обожаватели ја зенат Ли поради тоа што таа не ги имитира другите артисти користејќи сексуални атракции во нејзината музика.[19]

Во 2006 магазинот Bleeder ја вброи Ејми во листата како една од најсекси рок пејачки заедно со Џоан Џет, Кортни Лав и Лиз Фер.

Други проекти

Во 2000 година, Ли позајмила вокали на две песни од поранешниот пијанист на Evanescence Дејвид Хоџес: „Breathe“ (The Summit Church: Summit Worship) и неиздадената „Fall Into You“.[20] Таа исто така позајмила позадински вокали за песната „Missing You“, од првиот албум на Big Dismal, Believe, а исто така позајмила позадински вокали и за две песни од групата The Damning Well, иако нејзините вокали на крајот биле тргнати од песната за да не се предизвикаат проблеми со издавањето преку нивната издавачка куќа.[21] Подоцна Ли извела дует со тогашното нејзино момче Шон Морган на песната „Broken“ за албумот на Seether, Disclaimer II. Песната исто така била дел од саундтракот за филмот од 2004, The Punisher.

Во 2004, Ли тврдела дека пишувала музика за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот, но музиката била одбиена бидејќи била „многу темна.“ Но потоа продуцентите на Нарнија кажале дека тие никогаш не побарале од Ли да композира музика за филмот и дека „Никгаш не било планирано да се појави музика на Evanescence за саундтракот на филмот.“[22][23] Потоа се појавиле шпекулации дека една од песните која требало да биде за филмот била исечена и ставена во неколку од песните на албумот The Open Door, но Ли рекла дека тоа не е вистина и дека само еден дел од таа песна бил ставен на последната песна од албумот, „Good Enough“.[24]

Ли станала американската добротворка за Out of the Shadows во 2006. Оваа организација е интернационална фондација со цел да се овозможи едукација во врска со епилепсија. Помладиот брат на Ли, Роби, претходно ја имал оваа болест.[25] Ејми исто така направила кратка појава во музичкото видео на песната „God's Gonna Cut You Down“ од Џони Кеш кон крајот на 2006.[26] Секоја позната личност во видеото требало да избере што ќе прави за видеото, а Ли одбрала да се појави оставајќи цвеќиња на гроб. Нејзината сцена е снимена во Црквата Тринти во Њујорк и таму таа носи палто кое претходно му припаѓало на Тим Бартон.[11]

Во февруари 2007, MTV издал албум MTV Unplugged: Korn до телевизиите, а Ли се има појавено како гостински вокал на песната „Freak on a Leash“. „Freak on a Leash“ е исто така издадена како прв сингл од албумот. Во ноември 2007, кабелската телевизија VH1 продуцирала псевдокументарец во стил Позади Музиката, наречен Rock Band Cometh: The Rock Band Band Story, за да ја промовира играта Рок Бенд. Ли била една од познатите личности кои се појавиле како камео на шоуто.[27]

Во јуни 2008, National Music Publishers ѝ ја презентирале на Ли нивната награда од 2008.[28]

Ли ја направила своја верзија на песната „Sally's Song“ која требало да се појави во филмот Nightmare Revisited од Walt Disney Records. Албумот содржи нов материјал и песни од оригиналниот филм Nightmare Before Christmas.[29][30] Ли изведувала во живо за време на повторното издавање на Nightmare Before Christmas на 17 октомври во Холивуд, Калифорнија и на 13 октомври за емисијата Вечерното Шоу со Џај Лено.[31]

Дискографија

Evanescence

Соработки и други песни

Година Артист Песна Издавање
2000 Дејвид Хоџес и Ејми Ли "Breathe" The Summit Church: Summit Worship
"Fall Into You" Неиздадена
2003 Big Dismal и Ејми Ли "Missing You" Believe
2004 Seether и Ејми Ли "Broken" Disclaimer II
The Punisher: The Album
2007 Korn и Ејми Ли "Freak on a Leash" MTV Unplugged: Korn
2008 Ејми Ли "Sally's Song" Nightmare Revisited

Наводи

  1. http://twitter.com/AmyLeeEV/status/5777431076
  2. Lee, Amy; Leno, Jay. (2008-10-13). The Tonight Show with Jay Leno. [Television production]. Burbank, California: NBC/Universal. 
  3. „Interview with Evanescence singer Amy Lee“. gURL.com. Архивирано од изворникот на 2006-11-04. Посетено на 2006-11-07.
  4. Farias, Andree (2006-04-10). „Pre-Evanescence“. Christianity Today. Christianity Today International. Архивирано од изворникот на 2006-11-11. Посетено на 2006-11-07.
  5. Odell, Michael (April 2004). „Survivor!“. Blender magazine. Посетено на 2006-10-18.
  6. „Evanescence: Amy Lee Explains the New Songs“. VH1. 2006-10-08. Архивирано од изворникот на 2012-04-23. Посетено на 2011-03-04.
  7. „Amy's bio“. OutoftheShadows.com. Посетено на 2006-11-07.
  8. Morse, Steve (May 23, 2003). „Evanescence is No Disappearing Act“. The Boston Globe.
  9. Robertson, Jessica (2007-10-19). „P's & Q's: Amy Lee Finds Solace in Marriage and Music“. AOL.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-21. Посетено на 2007-10-19.
  10. Lee, Amy (2007-01-09). „Amy's Engaged!: *clink clink* *ahem...*“. EvThreads.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2007-01-09.
  11. 11,0 11,1 Eells, Josh (2006). „Amy Lee: Back in Black“. Blender. Посетено на 2007-01-09.
  12. Rubin, Courtney (2007-05-10). „Evanescence Singer Amy Lee Gets Married“. People (magazine). Посетено на 2007-05-10.
  13. Hartzler, Amy (2007-05-18). „i've got a new ring & now you've got the scoop“. EvThreads.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-02. Посетено на 2007-05-18.
  14. D'Angelo, Joe (2004-02-27). „Evanescence - The Split“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2006-11-13. Посетено на 2006-11-07.
  15. 15,0 15,1 Bakker, Tiffany (2004-01-09). „Moody blues“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 2006-11-07.
  16. „My Immortal Band Version“. Evanescence.com. Архивирано од изворникот на 2004-06-15. Посетено на 2007-03-10.
  17. „Evanescence's Amy shreads her threads!“. Kerrang!. 2003-06-09. Архивирано од изворникот 2005-03-14. Посетено на 2008-01-15.
  18. „Amy Lee - Instant Fashion Profile“. MTV News. 2004. Архивирано од изворникот на 2006-11-12. Посетено на 2006-11-07.
  19. Moss, Corey (2004-06-10). „Evanescence's Amy Lee Hopes To Get Into Film, Rages Against Cheesy Female Idols“. MTV News via VH1.com. Архивирано од изворникот на 2004-06-23. Посетено на 2006-11-07.
  20. „Discography / Lyrics / Audio Clips“. DavidHodges.info. Посетено на 2006-11-07.
  21. D'Angelo, Joe (2003-08-13). „Borland, Bowie, Maynard James Keenan Ready To Unveil Hush-Hush Project“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-08-22. Посетено на 2007-03-08.
  22. D'Angelo, Joe (2004-11-18). „Evanescence's New Sound Is Reminiscent Of ... Evanescence“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2010-07-22. Посетено на 2007-07-06.
  23. „Wardrobe closed to Evanescence singer“. The New Zealand Herald. 2007-11-27. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2007-07-06.
  24. Lee, Amy (2006-07-13). „Discussion of The Open Door album“. EvBoard.com. Посетено на 2007-08-09.
  25. „Why Epilepsy?“. OutoftheShadows.com. Посетено на 2006-11-07.
  26. Kaufman, Gil (2006-11-17). „Timberlake's Brainstorm: Johnny Cash Video With Kanye, Jigga, Depp, Others“. MTV News via VH1.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2006-11-30.
  27. „Megadeth's Mustaine, Evanescence's Lee Featured In 'Rock Band Commeth' Mockumentary“. Blabbermouth.net. 2007-11-07. Посетено на 2007-11-08.
  28. Butler, Susan (2008-06-10). „NMPA Honors Amy Lee, Sen. Leahy“. Billboard.biz. Посетено на 2009-06-25.
  29. Donahue, Ann (2008-08-05). „Elfman, Korn, Plain White T's Revisit 'Nightmare'. Billboard.biz. Посетено на 2008-08-09.
  30. „Jonathan Davis, Marilyn Manson, and Amy Lee Featured on "Nightmare Before Christmas" CD“. RevolverMag.com. 2008-08-08. Архивирано од изворникот на 2008-08-24. Посетено на 2008-09-04.
  31. „Evanescence Singer To Perform At 'Nightmare Before Christmas' Opening“. Blabbermouth.net. 2008-10-10. Посетено на 2008-10-11.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!