Етнографски музеј во Белград

Етнографски музеј во Белград
Етнографски музеј
Поглед од надвор
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1901; пред 123 години (1901)
МестоСтудентски трг 13, Белград, Србија
Координати44°49′11″N 20°27′23″E / 44.8198° СГШ; 20.4563° ИГД / 44.8198; 20.4563
ТипЕтнографски музеј
Фонд51000
ДиректорМарко Крстиќ
Мреж. местоetnografskimuzej.rs

Етнографскиот музеј е културна институција која се наоѓа во Белград, во самиот центар на градот, непосредно покрај Коларичевата задужбина. Етнографскиот музеј претставува еден од најстарите музеи во Србија и е основан во 1901 година.

Историја

Покана за предавање на Сима Тројановиќ За основањето на Етнографскиот музеј.
Во зградата на улицата Књаза Милоша, спроти воената академија, која на српскиот народ му ја оставил во аманет Стевча Михаиловиќ (трговец од Јагодина) во 1901 година направен е музеј, [1]

Етнографскиот музеј е основан во февруари 1901 година, но неговите корени одат подлабоко во минатото. Собирање на етнографски предмети започнало во средината на 19 век. Во рамки на Народниот музеј на Србија (Србсконародни музеум) уште во 1844 година се наоѓале голем број на етнографски предмети.

Првото значајно систематско собирање направено било поради учеството на Сесловенската изложба, одржана во Москва во 1867 година. И покрај тоа што сите тогаш собрани предмети останале во Москва, таа изложба е важна затоа што во Србија, и воопшто на Балканот, започнало систематско собирање на етнографски предмети и етнолошко проучување на тој простор.

Во рамки на Српското учено друштво во 1872 година даден е конкретен предлог за основање на музејот во кој ќе се чувале етнографски предмети. Таа година Стојан Новаковиќ го изнел Предлогот и нацртот за основање на Српскиот историско-етнографски музеј и оттогаш се работело на формирање на посебен етнографски музеј. Идејата за таков музеј конечно била реализирана во февруари 1901 година. Тогаш од Народниот музеј во посебна зграда, подарок од Стевча Михаиловиќ (трговец од Јагодина), била преселена етнографска збирка и таа година се смета за датум на основање на Етнографскиот музеј. Во првите денови по основањето, Етнографскиот музеј поседувал 909 етнографски предмети, 32 книги, мал број фотографии и многу вреден Албум со акварели и цртежи на народни носии од Никола Арсеновиќ. За прв управител бил поставен Сима Тројановиќ. Тој веднаш започнал обемно собирање на предмети и веќе во 1904 година во фондот на музејот имало околу 8.500 експонати. Собраните предмети биле од подрачјето на целиот Балкански Полуостров и не припаѓале само на традиционалната култура на Србите, туку и на другите етнички групи од тој простор. Етнолошкото истражување и собирањето на предмети на терен започнало веќе во 1902 година.

Првата постојана поставка на Етнографскиот музеј била отворена на 20 септември 1904 година и од тогаш кустосите на музејот постојано собираат етнографски предмети, така што фондот на музејот постојано се зголемува. За време на Првата и Втората светска војна, Етнографскиот музеј остана без голем број на предмети кои биле уништени во воениот виор.

Благодарение на зачувувањето на традиционалниот начин на живот на Балканот, по Првата светска војна се продолжува со пополнување на фондот на музејот, а во 1926 година отпечатена била првата тетратка од Гласникот на Етнографскиот музеј, кој редовно излегува до ден денес. По Втората светска војна започнало систематско етнолошко проучување на етнографските области, направени се голем број на поединечни истражувања, а започнала и работата на систематизирана и научно заснована конзервација на предметите.

Зграда на музејот

Етнографски музеј
Влез во музејот
Во потрага по простор

Откако повеќе пати ја менувал локацијата:

  • куќата на Стевча Михајловиќ, која се наоѓала на аголот од улиците Кнеза Милоша и Бирчанинове,
  • зграда на Првата женска гимназија[2] на аголот на Његошева и Кнегиње Зорке (1938)[3] [4] (од 1939 година Природонаучен музеј),
  • зграда во Балканска (околу 1943 година)[5] ,
  • адаптирана зграда на стража на дворскиот комплекс на Теразије (1945–1948) [6]

Музејот во 1951 година се вселил во зградата на аголот на улицата Студентски трг бр. 13 и Узун Миркова бр. 2

Зграда на музејот

Зградата во која денес се наоѓа музејот е изградена во текот на 1933 и 1934 година, според проектот на архитектот Александар Ѓорѓевиќ.[7] Градена е за потребите на некогашната Белградска берза, како објект со деловно-станбена намена. По своите архитектонски особини објектот припаѓа на зрел модернистички концепт, додека нагласениот вертикализам носи странски, претежно германски влијанија.[8] Оваа петкатница, која е изградена на истакната положба во рамки на амбиентот на Академскиот парк, во непосредна близина на високообразовните зданија (зградата на Големата школа (српски јазик: Велике школе) - денес Ректоратот на Белградскиот универзитет[9], зграда на Новиот универзитет- денес Филолошки факултет), установа на културата (зграда на Коларчевиот народен универзитет)[10] и градските административни објекти (зграда на Белградската општина - денес Југословенска кинотека[11], градска полиција), веднаш по нејзината изградба била препознаена како дело од исклучителна вредност, денес валоризирано како значаен дел од корпусот на арт деко архитектурата во Србија.[12] За време на изградбата во непосредна близина е утврдено постоење на римски водовод.[13]

Берзата се вселила во ноември 1934 година: Ефективна на приземјето, Производна на катот, потоа фирмата „Филипс“ на вториот кат и станови од трети до петти.[14] Првиот состанок бил на 5 ноември.[15] Зградата била осветена на 19 мај 1935 година.[16] Првичната намена на берзата објектот ја имал до почетокот на Втората светска војна, а со завршување на војната еден дел од објектот бил пренаменет.

На почетокот на педесеттите години на 20 век, дел од подрумот, приземјето, мезанинот, првиот и вториот кат од оваа градбабиле отстапени на Етнографскиот музеј. Во периодот од 1951 до 1954 година била изведена адаптација на овој дел од зградата поради потребата да се сместат музејските збирки и фондовите и да се организираат изложбени активности.

Со следната адаптација спровена во периодот од 1983-1984 година зградата речиси во целост, на сите пет ката била прилагодена на функцијата на музејот. Адаптациите на објектот првенствено се однесувале на прилагодувањето на ентериерот кон новата функција, додека во потполност била сочувана автентичноста на фасадата и монументалните влезни партии.

Споменик на културата

Со мудра одлука на Министерството за култура на Србија во една зграда, која во 1984 година била прогласена за споменик на културата, бидејќи имала архитектонско-урбанистички и културно-историски вредности, се нашол и Етнографскиот музеј како институција на културата која наследува богато етнографско наследство од просторот на Србија и делови од Балканскиот Полуостров, станала составен дел на недвижното и подвижното материјално, но и нематеријално културно наследство на Србија.

Збирки

Музејот во својот изложбен простор повремено изложува или во депоата чува збирки кои се сместени во:

  • Збирки на предмети од 18, 19 и 20 век
  • Стари и ретки книги,
  • (Carol Popp de Szathmáry)Стари фотографии,
  • Три големи албуми со акварели на Никола Арсеновиќ, кој сликал народни носии од 1840 до 1870 година,
  • Дела на Владислав Тителбах, Карол Поп де Сатмарија (Carol Popp de Szathmáry), Ѓока Миловановиќ и неколку сликари етнографи (Никола Зега, Драгутин Инкиостри, Олга Бенсон...).

Во збирките меѓу 200.000 музеалии се наоѓаат и околу 50.000 етнографски.

Музејот денес

Во Етнографскиот музеј до денес се отворени осум постојани поставки и се приредени околу 300 повремени изложби. Постојаната поставка зафаќа три нивоа од зградата. Денес во Етнографскиот музеј се чуваат голем број етнографски предмети, распоредени во посебни збирки (покуќнина, накит, обичаи, народни носии, народна архитектура, стопанство, сточарство, сообраќај, култни предмети и др.), ја има и една од најбогатите стручни библиотеки на Балканот и самиот издава стручни публикации, има конзерваторска служба која обработува речиси секакви бидови на материјали, располага со голем изложбен простор, организира обемни етнографски истражувања и има многу волја и знаења за етнолошки и антрополошки проучување на 19 век.

Почетна поставка на влезот во Етнографскиот музеј

Во Етнографскиот музеј на 7 јуни 2013 година бил претставен список на нематеријалното културно наследство на Република Србија, кој се состоел од 27 елементи.[17]

На Денот на Етнографскиот музеј 20 септември се доделува наградата „Боривоје Дробњаковиќ“ за животно дело.[18]

Галерија

Наводи

  1. Нинослав Станојловић, проф.историје Јагодина, ТЕСТАМЕНТ СТЕФАНА – СТЕВЧЕ МИХАЈЛОВИЋА
  2. "Политика", 12. јул 1938
  3. "Време", 2. авг. 1939
  4. "Време", 24. дец. 1940
  5. "Коло", 31. јул 1943
  6. Завод за заштиту споменика културе града Београда, досије споменика културе Етнографски музеј; З.М., „Етнографски музеј у Београду“, ГМГБ 1, 1954, 316–321.
  7. Завод за заштиту споменика културе града Београда, часопис Наслеђе, Милан Просен, Градитељски опус архитекте Александра Ђорђевића (1890—1952) http://beogradskonasledje.rs/wp-content/uploads/2012/09/7/9_milan_prosen.pdf приступљено 30.01.2017.
  8. Завод за заштиту споменика културе града Београда/Етнографски музеј
  9. http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/kapetan_misino_zdanje.html приступљено 30.01.2017.
  10. http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/zgrada_kolarcevog_narodnog_univerziteta.html приступљено 30.01.2017.
  11. http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/zgrada_beogradske_opstine.html приступљено 30.01.2017.
  12. Милан Просен, Ар деко у Србији, рукопис докторске дисертације одбрањене на Одељењу за историју уметности Филозофског факултета Универзитета у Београду 2014. године, 335-336.
  13. "Политика", 29. авг. 1935, стр. 8
  14. "Политика", 24. септ. 1934
  15. "Време", 6. нов. 1934
  16. "Политика", 20. мај 1935
  17. Српско нематеријално наслеђе чине... (Б92, 7. јун 2013)
  18. Дан Етнографског музеја („Политика”, 20. септембар 2018)

Надворешни врски

Read other articles:

Estadio Karl Liebknecht LocalizaciónPaís  AlemaniaLocalidad PotsdamCoordenadas 52°23′57″N 13°05′41″E / 52.399083, 13.094806Detalles generalesNombre completo Karl-Liebknecht-StadionNombres anteriores Sportplatz an der Priesterstraße (1976-1977)Superficie CéspedCapacidad 10 787 espectadoresOperador Ciudad de PotsdamConstrucciónApertura 10 de julio de 1976 (47 años)Remodelación 2002Ampliación 2010Equipo local 1. FFC Turbine PotsdamSV Babelsbe...

 

2005年の台風 軌跡の地図 最初の台風発生 1月15日 最後の台風消滅 11月20日 最も強かった台風 台風5号 – 920 hPa, 105 kt (10分間平均) 熱帯低気圧の総数 31 台風の総数 23 総死亡者数 431 総被害額 72 億ドル (2005 USD) 年別台風2003, 2004, 2005, 2006, 2007 2005年の台風(2005ねんのたいふう、太平洋北西部で発生した熱帯低気圧)のデータ。 台風の発生数は23個で、平年(26.7個)よりも少な...

 

Friedrich Ast Georg Anton Friedrich Ast (* 29. Dezember 1778 in Gotha; † 31. Dezember 1841 in München) war ein deutscher Klassischer Philologe und Philosoph, der als Philosophiehistoriker und als Platonforscher bekannt wurde. Inhaltsverzeichnis 1 Leben 2 Werk 3 Schriften 4 Literatur 5 Weblinks 6 Einzelnachweise Leben Ast begann 1798 an der Universität Jena ein Studium der Theologie, wechselte aber unter dem Einfluss der philologischen Veranstaltungen Heinrich Karl Eichstädts zur Klassisc...

French Roman Catholic missionary Jean-André SouliéPriestChurchRoman CatholicDioceseApostolic Vicariate of ThibetInstalled1886Term ended1905OrdersOrdinationJuly 5, 1885Personal detailsBorn(1858-10-06)October 6, 1858Saint-Juéry, Aveyron, FranceDiedDecember 11, 1905(1905-12-11) (aged 47)Yaregong, Batang, Sichuan, ChinaDenominationCatholicOccupationMissionary Jean-André Soulié (October 6, 1858 – December 11, 1905, known in Chinese sources as 蘇烈 [Su Lie]) was a French Roman Catholi...

 

The BandÁlbum de estudio de The BandPublicación 22 de septiembre de 1969[1]​Grabación Comienzos de 19698850 Evanview Drive, Hollywood, California[2]​Género(s) Rock, folk rock[3]​Formato LP, CD y casete[3]​Duración 43:50[1]​Discográfica Capitol Records[3]​Productor(es) John Simon[4]​Certificación Platino en Estados Unidos[5]​Posicionamiento en listas Ver posicionesTop 10 Número dos en Canadá Número nueve en Estados Unidos Cronología de...

 

Sikorsky S-38 adalah pesawat bermesin ganda amfibi 8 kursi Amerika. Itu kadang-kadang disebut The Explorer Air Yacht dan perahu terbang amfibi Sikorsky pertama yang diproduksi secara luas. Selain berhasil melayani untuk Pan American Airways dan Angkatan Darat AS, juga dimiliki banyak pemilik swasta yang menerima ketenaran untuk eksploitasi mereka. Referensi Davies, R.E.G. (1987). Pan Am: An Airline and its Aircraft. New York, NY USA: Orion Books. ISBN 0-517-56639-7.  Yenne, Bill (20...

China Resources Enterprise Limited 华润创业有限公司TypeState-owned enterprise (Red chip)Traded asSEHK: 291IndustryConglomerateFounded1992HeadquartersHong KongArea servedMainland ChinaHong KongKey peopleChen Long (Chairman)ParentChina Resources HoldingsWebsitecre.com.hk China Resources Enterprise is the subsidiary and the listed company of China Resources Holdings. It is a conglomerate enterprise focusing on retailing, beverage, food processing and distribution, textiles and real ...

 

В Википедии есть статьи о других людях с такой фамилией, см. Семенюк. Сергей Семенюк Полное имя Сергей Владимирович Семенюк Родился 27 января 1991(1991-01-27)[1][2] (32 года)Потсдам, Бранденбург, Германия Гражданство  Украина Рост 177 см Позиция полузащитник Информация о кл...

 

Event about Debating held by Bangladesh Television every year This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) The topic of this article may not meet Wikipedia's general notability guideline. Please help to demonstrate the notability of the topic by citing reliable secondary sources that are independent of the topic and provide significant coverage of it beyond a mere trivial mention. If n...

1982 live album by Riblja ČorbaU ime narodaLive album by Riblja ČorbaReleasedJuly 2, 1982RecordedPionir Hall, BelgradeApril 11, 1982GenreHard rockLength44:11LabelPGP-RTBProducerDragan VukićevićRiblja Čorba chronology Mrtva priroda(1981) U ime naroda(1982) Buvlja pijaca(1982) U ime naroda (trans. In the Name of the People) is the first live album by Serbian and former Yugoslav influential rock band Riblja Čorba. The album was recorded on the band's concert held on April 11, 1982 ...

 

Perluasan Kekaisaran Utsmaniyah pada 1566, setelah kematian Suleiman yang Luar Biasa Neo-Ottomanisme (Turki: Yeni Osmanlıcılık) adalah sebuah ideologi politik Turki imperialis dalam pengertian luas, mempromosikan jalinan politik lebih besar dari Republik Turki pada wilayah yang dulu berada di bawah kekuasaan Kesultanan Utsmaniyah, negara pendahulu yang meliputi wilayah Turki modern dan lainnya.[1] Istilah tersebut kini dikaitkan dengan iridentis, intervensionis dan ekspansionis Tur...

 

Kementerian Urusan Luar Negeri外務省Gaimu-shōLambang Kementerian Urusan Luar Negeri JepangGedung Kementerian Urusan Luar NegeriInformasi lembagaDibentuk06 Januari 2001 (2001-01-06)Wilayah hukum JepangKantor pusat2-2-1 Kasumigaseki, Chiyoda-ku, Tokyo 100-8919, Jepang35°40′26.4″N 139°44′56.4″E / 35.674000°N 139.749000°E / 35.674000; 139.749000Pegawai5757MenteriTarō Kōno, Minister for Foreign AffairsMasahisa Sato, Wakil Menteri SeniorKazuyuki N...

Former municipality of Estonia Former municipality of Estonia in Lääne CountyMartna Parish Martna valdFormer municipality of EstoniaPutkaste manor FlagCoat of armsMartna Parish within Lääne County.Country EstoniaCounty Lääne CountyAdministrative centreMartnaArea • Total269 km2 (104 sq mi)Population (2016) • Total760 • Density2.8/km2 (7.3/sq mi)Websitewww.martna.ee Martna (Estonian: Martna vald) was a rural municipality of Esto...

 

The 1985 Motorcaft Formula Ford Driver to Europe Series was an Australian motor racing competition open to Formula Ford racing cars.[1] It was the 16th Australian Formula Ford Series[2] and the first to be contested under the Motorcaft Formula Ford Driver to Europe Series name. The series was won by Tomas Mezera driving a Reynard.[3] Calendar The Reynard FF83 of series winner Tomas Mezera. The car is pictured, in 2011, in its 1985 livery The series was contested over n...

 

IU filmographyIU in 2021Film5Television series11Web series1Television show3Hosting10Others2 Lee Ji-eun (born May 16, 1993), professionally known as IU, is a South Korean singer, songwriter and actress. Film Year Film Role Notes Ref. 2012 A Turtle's Tale 2: Sammy's Escape from Paradise Ella (voice) Korean dub [1] 2017 Real A ceremony guide Cameo [2] 2019 Shades of the Heart Mi-young [3] 2022 Broker Moon So-young [4][5] 2023 Dream Lee So-min [6] I...

This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Kuse District, Kyoto – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2009) (Learn how and when to remove this template message) Location of Kumiyama in Kyoto prefecture Kuse (久世郡, Kuse-gun) is a district located in Kyoto Prefecture, Japan. As of 2003, the district ...

 

Fourth Infantry DivisionActiveJanuary 15, 1946 – PresentCountry PhilippinesBranchPhilippine ArmyType InfantryRoleConventional Warfare, Anti-Guerrilla OperationsSize3 BrigadesPart ofPhilippine Army (Since 1946)Garrison/HQCamp BGen Edilberto Evangelista, Cagayan de OroNickname(s)Diamond DivisionPatronSt. Ignatius of LoyolaMascot(s)DiamondAnniversariesJanuary 15March 22 (Philippine Army foundation day)EngagementsCommunist Insurgency in the Philippines Anti-guerilla operations against the ...

 

El pabellón, en una calle del parque. El pabellón Domecq es un edificio neoclásico de ladrillo visto ubicado dentro del parque de María Luisa de Sevilla, Andalucía, España. Fue el pabellón de la empresa bodeguera jerezana Domecq en la Exposición Iberoamericana de 1929. Historia Es obra del arquitecto Aurelio Gómez Millán. Domecq fue una de las empresas con un pabellón en esta exposición. El 12 de octubre de 1929 presentó en la ciudad su vino La Raza, creado en 1892.[1]​ A l...

Вооружённые силы Индиихинди भारतीय सशस्‍त्र सेनाएँангл. Indian Armed Forces Эмблема Вооружённых сил Индии Основание 1949 Подразделения Сухопутные войска Военно-воздушные силы Военно-морские силы Командование Верховный главнокомандующий Драупади Мурму Министр обо...

 

كمال أتاتورك، أحد القادة السياسيين في القرن 20 القومية التركية هي الأيديولوجية السياسية التي تعزز وتمجد الشعب التركي إما كجماعة قومية أو لغوية. ترتبط القومية التركية ارتباطا وثيقا مع مفهوم الوحدة التركية التي دعت إلى وحدة الشعوب التركية حول العالم.[1] استلم القوميون ال...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!