Ова било прво Европско првенство на кое учествувале 16 екипи, за разлика од претходните четири, кога учествувале 8.
Титулата европски првак ја освоила Германија, која во финалето ја совладала Чешка со реззултат од 2:1. Најдобар играч на првенството бил Германецот Матијас Замер, додека најдобар стрелец бил Англичанецот Алан Ширер со 5 постигнати голови.
Избор на домаќин
За време на пријавувањето за тоа домаќинство, сè уште не било потврдено дека првенството ќе се прошири на 16 учесници. Било планирано да се организира првенство со само 8 учесници, затоа биле потребни само 4 стадиони.[1]
За домаќинството се натпреварувале пет земји: Австрија, Англија, Грција, Холандија и Португалија. На 5 мај1992 година, Извршниот комитет на УЕФА ја избрал Англија за домаќин на првенството на средбата во Лисабон. Таа година откако бил избран за домаќин, Англискиот фудбалски сојуз се повлекла од натпреварувањето за домаќин на Светското првенство во 1998 година, за да добие поддршка од другите членови на УЕФА кои планирале да аплицираат за тоа домаќинство.[2]
Квалификации
На 30 ноември 1992 година, УЕФА официјално потврдила дека 16 екипи ќе учествуваат на првенството.[3] Квалификациската ждрепка се одржала на 22 јануари1994 година во Манчестер.[4] Биле извлечени имињата на 47 репрезентации кои се натпреварувале за 15 места што водат до првенството. Репрезентацијата домаќин, Англија, имала директно место на првенството. Државните репрезентации кои играле квалификации биле поделени во осум квалификациски групи.
Квалификациите започнале во април 1994 година и завршиле во декември 1995 година. По крајот на групното натпреварување во ноември 1995 година, осумте победници во групата и шесте најдобри вицешампиони избориле место на Европското првенство. Најлошите две второпласирани репрезентации играле бараж за преостанатото место.
Квалификувани репрезентации
7 од 8 земји кои се пласирале на првенството во 1992 година исто така се квалификувале на првенството во 1996 година.
Бугарија, Хрватска, Турција и Швајцарија за прв пат се натпреварувале на Европското првенство. Италија и Шпанија се квалификувале откако го прескокнале првенството во 1992 година, додека Чешка се квалификувала за прв пат од 1980 година, а Романија и Португалија по 1984 година.
Жрепката за завршниот турнир се одржала на 17 декември1995 година во Бирмингем [5] Само 4 репрезентации биле сместени во шешири: Англија, Данска, Шпанија и Германија. Останатите можело да бидат извлечени во која било група.
Секој тим бил извлечен во групата првично со број 1 до 4. Екипите од шешир 1 биле ставени во позиција 1, додека другите биле извлечени прво 4 во позиција 4, потоа другите 4 во позиција 3 и на крајот во позиција 2. Откако било утврдено дека групата во која паѓа Англија ќе биде група А (групата била обележана како број 3), другите групи биле извлечени да утврдат која група ќе биде Б, Ц и Д.