„„Душкало“ Sleuth“ |
---|
Филмски плакат на „Душкало“ |
Режисер | Кенет Брана |
---|
Продуцент | Кенет Брана Сајмон Халфон Џуд Ло Сајмон Мозли Мерион Пиловски Том Стернберг |
---|
Главни улоги | Мајкл Кејн Џуд Ло |
---|
Музика | Патрик Дојл |
---|
Кинематографија | Харис Замбарлукос |
---|
Монтажа | Нил Фарел |
---|
Студио | Castle Rock Entertainment |
---|
Дистрибутер | Sony Pictures Classics |
---|
Премиера | 12 октомври 2007 (2007-10-12) (United States) (огр. изд.) 23 ноември 2007 (2007-11-23) (United Kingdom) |
---|
Времетраење | 88 minutes[1] |
---|
Земја | Велика Британија САД |
---|
Јазик | англиски |
---|
Бруто заработка | $4.872.444[2] |
---|
Душкало (англиски: Sleuth) — филм од 2007 година режиран од Кенет Брана, а заснован на истоимената наградувана драма на Ентони Шафер и адаптирана за филм од страна на нобеловецот Харолд Пинтер.
Продуцент на филмот е Џуд Ло, кој исто така се појавува како Мило Тиндл наспроти Мајкл Кејн кој ја игра улогата на Ендрју Вајк. Кејн играше како Тиндл, наспроти Лоренс Оливие како Вајк во оригиналната верзија на филмот од 1972 година.
Овој филм беше најавуван како соработка помеѓу Пинтер, Брана, Ло и Кејн, четирите големи имиња на британскиот театар и филм. Иако новата филмска адаптација е означена како „римејк“, ѕвездите на филмот и критичарите нагласуваат дека Пинтеровото видување на драмата речиси целосно се разликува од оригиналната драма и филм, кои Пинтер ги нема гледано пред да почне да го пишува сценариото.
Синопсис
„Писател на детективски романи кој е милионер, се надмудрува со невработен глумец кој „ја украл“ жена му, во смртно сериозна игра со опасни последици.
Наводи