Дејвид Џуд Хејворт Ло (роден на 29 декември 1972 г.) — англиски глумец.
Тој добил номинации за два Оскари, две награди на здружението на филмски глумци, три Златни глобуси и две БАФТА награди, од кои добил една. Во 2007 година, тој добил почесна награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања и бил назначен за Витез од редот на уметноста и книжевноста од француската влада.[1]
Ло бил свршен со глумицата Сиена Милер, но уште додека траела нивната врска, тој ја изневерил со 26-годишната дадилка Дејзи Рајт. Случката се случила во Њу Орлеанс, каде Ло го снимал филмот „Сите луѓе на кралот“. Подоцна, таа била отпуштена од работа од неговата сопруга, а дадилката ја објавила својата приказна во британскиот таблоид „Сандеј мирор“. По скандалот, Ло јавно се извинил, но сепак, во ноември2006 година, неговата свршеница го напуштила.[3]
Филмска кариера
Својата глумечка кариера ја започнал во Националниот музички младински театар во 1987 година и својата прва филмска улога ја добил во 1989 година. По настапувањето во филмовите режирани од Ендру Никол, Клинт Иствуд и Дејвид Кроненберг, тој бил номиниран за оскар за најдобра споредна машка улога во 1999 година за улогата во филмнот Талентираниот Господин Рипли. Во 2000 година тој ја добил и наградата за најдобра машка споредна улога на Британската Академија. Во 2006 година тој бил еден од најпрофитабилните филмски ѕвезди.[4]