Државниот завод за статистика е самостојно владино тело, кое има основна задача да продуктира висококвалитетни и веродостојни статистички информации за Македонија. Основни производи на заводот се статистичките публикации во печатен облик, електронската дисеминација (електронските производи) и статистичките услуги.
Основан е на 1 јуни 1945 и има седиште во Скопје.
Историја
Државниот завод за статистка е формиран на 1 јуни 1945 година како Македонски федерален статистички уред. За прв директор тогаш е именуван правникот Атанас Трпковски. Тогаш заводот функционирал само со две одделенија и тоа одделение за статистика на општествените дејности и одделение за статистика на стопанските дејности. Современиот завод функционира со 7 сектори и многу одделенија и пододделенија.
Задачи на заводот
Државниот завод за статистика е самостојна стручна организација чија надлежност и делокруг на работа се уредени со Законот за организација и работа на органите на државната управа [2] и Законот за државната статистика[3].
Во согласност со Законот за државната статистика, Државниот завод за статистика, врз научни основи, на државните органи, локалната самоуправа, деловните субјекти, јавните претпријатија, јавните служби и на други корисници им обезбедува информации за состојбите и движењата на националната економија, човечките ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и во други области.
Државниот завод за статистика е одговорен за продуцирање на официјалната статистика во Македонија, а воедно е и координатор на статистичкиот систем во Македонија. Оваа улога Државниот завод за статистика ја реализира во соработка со други субјекти - овластени носители кои, исто така, се одговорни за продуцирање на официјална статистика во рамките на своите утврдени надлежности.
Државниот завод за статистика е носител на меѓународната статистичка соработка. Во таа насока, значајни се напорите на Заводот за хармонизација на статистичкиот систем на земјата со статистичките системи на земјите од Европската унија, а во функција на задоволување на домашните и странските корисници со споредливи статистички податоци.
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| | | | Самостојни органи на државната управа и управни организации |
---|
| |
| | Органи во состав на министерствата |
---|
| Внатрешни работи | |
---|
| Надворешни работи | |
---|
| Труд и социјалa | |
---|
| Образование и наука | |
---|
| Земјоделство, шумарство и водостопанство | |
---|
| Здравство | |
---|
| Локална самоуправа | |
---|
| Правда | |
---|
| Финансии | |
---|
| Економија | |
---|
| Транспорт и врски | |
---|
| Култура | |
---|
| Животна средина и просторно планирање | |
---|
|
| | Правни лица со јавни овластувања |
---|
| |
| | Комисии |
---|
| Основни комисии | |
---|
| Комисии во втор степен | |
---|
| Комисии со посебна одлука | |
---|
| Посебни комисии | |
---|
|
| | |
|