Долнолешничка тврдина или Кале — археолошко наоѓалиште 1,5 кмјужно од тетовското селото Долна Лешница. Претставува утврдување од доцноантичко време и средниот век покрај стариот напречен пат Скопје — Охрид, што на делницата Групчин — Стенче го сечел предгорјето на Сува Гора. Претставува 90 м висока чука над составот на две рекички; има стрмни падини и пристапна е преку едно мало седло од југ што ја дели од повисоките ридови.
Наоди
Најстари остатоци
Околу врвот се гледаат остатоци од доцноантичко обѕидие (камен со малтер) што затвора овален простор од 0,3 ха. На јужниот, највисокиот дел стоела голема кула.
Наоди
Доцноантичка грнчарија и монети од доцниот IV и VI век. Стражата го контролирала патот Скупи — Лихнид, во планинските долинки помеѓу Скопското и Полошко поле.
Средновековни остатоци
Обѕидието, обновено во VI век останало добро запазено и подоцна. Можеби кулата била обновувана и подоцна. Во бурните настани од X до XIII век патот Охрид — Скопје играл значајна стратешка улога а со него и стражата кај Долна Лешница. Во неа, во кулата, диво се ископани сребрени византиски монети (Константин X, 1059—1067) и дваесет железни врвови за џилити, за пробивање панцир.
Очигледно е дека крепоста кај Долна Лешница била користена во спомнатото време, можеби само повремено, за да го чува патот на тој дел.