Дејан Стефановиќ (Врање, 28 октомври 1974) бил поранешен српски фудбалер, кој настапувал како стопер, но можел да игра и на други позиции во одбраната.
Фудбалска кариера
Додека растел, омилен клуб на Дејан бил екипата на Милан, додека негов омилен играч на Милан бил дефанзивецот Милан Франко Барези. Фудбалската кариера ја започнал во родниот град во клубот наречен Динамо, пред да потпише договор со екипата на Црвена ѕвезда.[1] Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал на 20-годишна возраст, кога СР Југославија во месец јануари 1995 година играла против селекцијата на Хонгконг.
Во вториот дел од сезоната 1995/96, Стефановиќ и Ковачевиќ во пакет потпишале договор со англискиот клуб Шефилд Венсдеј. Дејан Стефановиќ го чинел англискиот клуб само 2 милиони фунти.
Во сезоната 1998/99, откако одиграл 72 натпревари, Стефановиќ бил ослободен од страна на клубот како слободен играч. Тој потпишал договор со составот на Перуџа.Но, не успеал во Италија, па истата година се вратил во Србија, овојпат во екипата на ОФК Белград.
По неколку месеци поминати во Белград, истата таа сезона се преселил во својот трет клуб, екипата на Витезе. Набрзо станал дел од првиот тим и поминал четири години во клубот, каде што во тој период станал и капитен на истиот. Во тој период екипата на Витезе одиграла шест натпревари од Купот на УЕФА.
На почетокот на сезоната 2003/04, тој се вратил во Англија, и тоа во новодојдениот клуб во Премиер лигата, составот на Портсмут. Сумата која му била исплатена била 1,85 милиони фунти. Тој на крајот на сезоната бил избран за најдобар играч на клубот. Овој избор го вршеле навивачите на тимот.
Влијанието на Стефановиќ врз претседателот (и сонародникот) Милан Мандариќ била важен фактор за отпуштањето на францускиот стручњак Перин и повторното назначување на тренерот Хари Реднап. Стефановиќ во наредниот период бил прекомандуван на позицијата на лев бек. На почетокот на сезоната 2006/07 бил столбот на одбраната, со што се покажало како одличен потег за екипата на Портсмут во текот на сезоната. Сепак, со доаѓањето на соиграчите Херман Храјџарсон и Силван Дистан во летото 2007 година, Дејан Стефановиќ го загубил местото во стартната екипа, а со тоа бил заменет и од капитенската позиција со соиграчот Сол Кембел за тековната сезоната 2007/08.
Во месец август 2007 година, екипата на Глазгов Ренџерс ги открила своите интереси за Стефановиќ, но тој потоа сепак потпишал за составот на Фулам од Лондон. Откако поминал помалку од една година на стадионот Крејвен Котиџ, тој на 18 јули 2008 година се преселил во екипата на Норич Сити, кога потпишал двегодишен договор. По дванаесет одиграни натпревари за популарните Канаринци, во кои заработил еден црвен картон, на Стефановиќ му пукнале лигаментите на коленото. Од тој момент не настапувал повеќе за тимот од стадионот Кароу Роуд.
Во месец август 2009 година било објавено дека Стефановиќ бил во преговори да го напушти составот на Норич. На 1 септември 2009 година, договорот му бил раскинат и тоа со заедничка согласност.
Александар Стефановиќ се пензионирал кон крајот на 2009 година поради тешката повреда на коленото. Тој сѐ уште живее во областа Портсмут. Во еден момент имал желба да раководи со фудбалскиот клуб Портсмут. На 7 октомври 2010 година, Стефановиќ им се приклучил на двоецот Хавант и Ватерлувил како играч, но и како тренер. Наредната година конечно ставил крај на фудбалската кариера.
Репрезентација
Првиот повик за репрезентацијата го добил во 1995 година (земјата тогаш била позната како СР Југославија, а подоцна го променила своето име во Србија и Црна Гора). Тој имал одиграно вкупно 20 натпревари. Стефановиќ се повлекол од репрезентацијата во 2004 година.
Статистика
Наводи
Надворешни врски