На 14-ти февруари 2024 година беше објавено дека натпреварот ќе се одржи во Шпанија - тоа ќе биде првиот натпревар од 2018 година кој нема да се одржи на територијата на претходната победничка земја.[6][7]
На прес-конференцијата за Детска Евровизија 2024, одржана на 10 мај, објавено е дека натпреварот ќе се одржи во Мадрид на сабота, 16 ноември.[8]
Формат
Визуелен дизајн
На 3 септември 2024 година, Европски радиодифузен сојуз објави дека слоганот на натпреварот ќе биде "Let’s Bloom". Ана Марија Бордас, директорка за оригинална содржина во RTVE и извршна продуцентка на Детска Евровизија 2024, ја објасни идејата зад оваа тема: „Размислувавме за концепт кој, земајќи ја природата како пример, се одразува на идејата за млади уметници кои расцутуваат кон иднината, во која можат да бидат свои и слободно да се изразуваат на здрав, безбеден и разновиден начин. Целта е да им се помогне во нивниот раст и развој. Накратко, да им се помогне да расцутат и да се развиваат, останувајќи свои."[9][10].
Водители
12 септември 2024 година беше откриено дека водители на натпреварот ќе бидат: пејачката Рут Лоренцо, актерот Марк Клотет и претставничката на Шпанија на Детска Евровизија 2019, Мелани Гарсија.[11]