Европски радиодифузен сојуз (EBU) — конфедерација на 75 радиодифузини организации од 56 земји и уште 43 придружни членки од други 25 земји од светот. Таа не е поврзана со Европската Унија. Членки на ЕБУ се радио и тв компании , повеќето од нив се јавни радио дифузни сервиси, но во ЕБУ членуваат и приватните радио и телевизиски станици.
Република Македонија е полноправна членка на ЕБУ од 1993 година.
Полноправни членки се од Исланд до Русија, вклучувајќи ги речиси сите европски земји. Придружните членки не се само од Европа и Медитеранот туку и од Канада, Јапонија, Мексико, Индија и Хонг- Конг. Меѓу придружните членки од САД се ABC, CBS, NBC, the Corporation for Public Broadcasting, Time Warner, and the only individual station, WFMT.
Полноправни се оние членки кои територијално припаѓаат на европскиот радиодифузен простор или се членки на Советот на Европа.
Најпозната активност на ЕБУ е организацијата на натпреварот за Песната на Евровизија Eurovision Song Contest. Право на учество на овој натпревар имаат земјите кои се полноправни членки на оваа организација. Агенцијата организира и натпревар на Млади танцувачи и некои други. Членките на ЕБУ соработуваат на изготвување на документарни и анимирани филмови за деца. Прв резултат на оваа соработка беше The Animals of Farthing Wood снимен во 1993 година. Радио соработката вклучува и настани за празници како што се Божикната музика и Euronotte и Through the night.
За професионалните радио дифузери ЕБУ обезбедува неколку специјализирани тренинзи преку EBU Training кој е основан 1999 година и досега со овој вид обука се опфатени повеќе од 5000 вработени од 30 земји. Повеќето од програмите се наменети само за редовните членки, но расте бројот на обуките во кои сè повеќе се вклучуваат и професионалците од радио дифузните организации кои не се членки .
Повеќето ЕБУ членки имаат групен договор да ги покриваат Олимписките игри Olympics и ФИФА Светскиот куп FIFA World Cup (посебно натпреварите на нивните земји и финалето Светскиот куп).Друг годишен настан кој го покрива ЕБУ е Виенскиот новогодишен концерт Vienna New Year's Concert.
Историја
Европскиот радиодифузен сојуз (European Broadcasting Union, EBU), фр. L'Union Européenne de Radio-Télévision (UER)) е формирана на 12 февруари 1950. година. Ја основаат 23 радиодифузни агенции од просторите на Европа и Медитеранот на конференција во Девон, Велика Британија . Године 1993. Меѓународна радио-телевизијска агенција, International Radio and Television Organisation (OIRT), еквивалент радиодифузните организации од Средна и Источна Европа се обедини со Европската радиодофузна агенција.
Технички одлики
Цел на техничките активности на ЕБУ е да им помага на членките на ЕБУ во време на непредвидливи технички промени . Ова вклучува и обезбедување на технички информации на членките преку организирање конференции и работилници , како и во вид на пишани материјали како што се EBU Technical Review, и списанието EBU tech-i.
ЕБИ ја поттикнува активна соработка меѓу своите членки , врз основ на слободна размена на сопственото знаење и искуство на овој начин се постигнува многу поголем ефект отколку што би се постигнало со поединечна соработка на секоја од членките. Поголемиот дел од оваа соработка се постигнува преку проектни групи која изучува специфични технички прашања од заеднички интерес.
ЕБУ дава голема важност на отворени стандарди како што се MPEG-2, DAB- дигитална радио технологија , DVB и други.
Придружни членки
Било која група или организација членка на Меѓународната телекомуникациска организација International Telecommunication Union ITU можат да поднесат молба за придружување кон ЕБУ како придружен член. Земјите кои имаат ваков статус плаќаат членарина за да го одржат статусот. ЕБУ нагласува дека придружното членство па автоматизам не значи и достапност до Евровизискиот систем во Eurovision system.
Наводи