Демократска партија на Србите во Македонија или скратено ДПСМ — политичка партија во Македонија која ги застапува интересите на Србите во Македонија.
Демократска партија на Србите во Македонија е формирана на 16 март 1992 година.
Прв претседател на партијата бил Бора Ристиќ, а по неговата смена на таа функција доаѓа Драгиша Милетиќ. На Третиот конгрес на партијата на 15 декември 2001 година за претседател е избран Иван Стоилковиќ.
На парламентарните избори во 2002 година во коалиција со СДСМ, Демократска партија на Србите во Македонија станува парламентарна партија.
На 5 ноември 2005 година на III-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија за претседател на партијата повторно е избран Иван Стоилковиќ.
На Парламентарните избори во 2006 година ДПСМ останува парламентарна партија во опозиција, но заради Бадинтеровото мнозинство останува важен политички фактор во политичкиот живот во Република Македонија.
На вонредните парламентарни избори во 2008 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, повторно освојува пратеничко место во парламентот.
15. 11. 2009. на IV-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија за претседател на партијата повторно е избран Иван Стоилковиќ. На последниот V-ти Конгрес на Партијата одржан на 9 ноември 2013 година, Иван Стоилковиќ по третпат е избран за претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Партијата останала во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016. На сите избори освоила еден пратенички мандат.
ДПСМ има постигнато голем успех во остварувањето на правата за зачувување на националниот, јазичниот, културниот, верскиот и традиционалниот идентитет на Србите во Македонија.