Даниел Наваро Гарсија (шпански: Daniel Navarro García; р. 18 јули 1983 во Хихон) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[2]
Кариера
Еден од најголемите помошници на Алберто Контадор во поголемиот дел на неговата кариера, Наваро го напуштил Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Кофидис на двегодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[3] Во 2013, Наваро ја освоил Вуелта а Мурсија. Морал да го напушти Тур де Франс 2014 поради големи стомачни болки.[4] На Вуелта а Еспања 2014, ја забележал најголемата победа во својата кариера на тринаесеттата етапа, среднопланинска етапа.[5] На крајот завршил како десетти.
Во август 2018 година, по шест поминати години надвор од Светската турнеја, Катјуша-Алпесин објавиле дека потпишале со Наваро двегодишен договор од сезоната 2019, добивајќи улога на планински помошник за Илнур Закарин, како и можност да вози сам на некои трки.[6]
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски