Даниел Деј-Луис (роден 29 април 1957) е англиски глумец[1] со британско и ирско државјанство.
Кратка биографија
Роден и пораснат во Лондон, тој глумел на сцената на Националниот младински театар, пред да биде прифатен во театарската школа Бристол Олд Вик, каде три години се школувал. Тој се смета за методичен глумец, познат по постојаната посветеност и истражувањето на улогата.[2] Често целосно останувал во улогата за време на снимањето на филмовите, до степен тоа негативно да му влијае на здравјето. Тој е еден од најпробирливите глумци во филмската индустрија, настапувајќи само во шест филмови од 1998 година, со по пет години расчекор помеѓу улогите.[3] Заради заштита на приватниот живот, ретко дава интервјуа и многу ретко се појавува во јавност.[4]
Деј-Луис глумел во театар и на филм уште на почетокот на 1980-тите. Се приклучил на трупата Ројал Шекспир и го играл Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер, пред да се појави во филмот Баунти во 1984. Тој глумел во My Beautiful Laundrette (1985), неговата прва призната улога од страна на критиката а понатамошно признание од критиката добил и за филмот Соба со поглед (1985). Ја добил главната улога во филмот Неподнослива леснотија на постоењето (1988).
Како еден од најреномираните глумци на неговата генерација, Деј-Луис добил бројни награди, вклучувајќи ги и трите оскари за најдобар глумец за неговите изведби во Мојата лева нога (1989), Ќе има крв (2007) и Линколн (2012), со што станал единствениот глумец во историјата со три победи во категоријата најдобар глумец.[5] За категоријата бил номиниран и за филмот Во името на Отецот (1993) и за Бандите на Њујорк (2002). Тој освоил четири BAFTA награди за најдобар глумец и два Златни глобуса. Во ноември 2012 година, Тајм го прогласил Деј-Луис за "Најдобар светски глумец".[6] Во јуни 2014 година, бил одликуван со титулата витез во Бакингемската палата.[7]
Деј-Луис го објавил своето пензионирање во 2017, по завршувањето на улогата во филмот Phantom Thread.[8][9]
Почетоците
Детство
Деј-Луис е роден во Кенсингтон, Лондон, како син на поетот Сесил Деј-Луис и на англиската глумица Џил Бејкон.[10] Татко му бил протестант роден во Ирска но живеел во Англија уште од двегодишна возраст а подоцна станал и поет-лауреат на Обединетото Кралство.[11] Мајката му била Еврејка. Нејзините предци биле еврејски имигранти кои во Англија дошле од Латвија и Полска.[12][13] Дедо му, сер Мајкл Бејкон, бил директор на Ealing Studios.[14] Две години по неговото раѓање, семејството се преселило во Крумс Хил, Гринич, југоисточен Лондон, каде што тој пораснал заедно со неговата постара сестра, Тамасин Деј-Луис, која станала режисер на документарни филмови и телевизиска готвачка.[15]
Додека живеел во Гринич одел во две основни училишта[16] Тој често бил изложен на силеџиство најчесто поради потеклото.[17] Сепак, тој ги совладал локалните акценти и однесувања што му помогнало при неговиот прв убедлив настап. Подоцна во животот, во своите помлади години, станал проблематичен и често запаѓал во неволја.[18][19]
Школување
Во 1968 година, Ден-Луис родителите сметале дека однесувањето му е непримерно и го испратиле во интернат во едно училиште во Кент.[20] Во училиштето тој ги открил неговите три најзначајните интереси: работата со дрво, глумата и риболовот. Неговиот презир кон училиштето се зголемил, и по две години, тој бил префрлен во друго училиште, во Хемпшир[20]. Неговото филмско деби било на 14-годишна возраст во филмот Крвава недела каде се појавил во мала споредна улога. За ова искуство рекол дека е "рај", бидејќи му платиле £2 за да крши скапи автомобили паркирани надвор од неговата локална црква.
Неколку недели во 1972 година, тој и родителите живееле во Лемонс, северен Лондон дом на Кингсли Амис и Елизабет Џејн Хауард. Сесил Деј-Луис имал рак и Хауард го поканила семејството на одмор.[21] Сесил умрел таму во мај истата година.
Во 1975 година, непослушноста на Деј-Луис му го намалила изборот во кариерата. Прво глумел на сцената на Националниот младински театар во Лондон, а потоа го примиле во театарската школа Бристол Олд Вик каде учел три години заедно со Миранда Ричардсон. Тука играл заедно со Пит Постлвајт, со кого подоцна ќе глуми заедно во филмотВо име на Отецот.[22]
Кариера
Во 1980-тите
Во текот на раните 1980-ти, Деј-Луис работел во театар и на телевизија, вклучително Мраз во мај (каде играл импотентен човек-дете) и Колку милји до Вавилон? (како офицер во Првата светска војна растргнат помеѓу верноста кон Велика Британија и Ирска) за Би-Би-Си. Единаесет години по неговото филмско деби, Деј-Луис ја продолжил филмската кариера со мал настап во Ганди (1982) како Колин, јужноафрикански уличен насилник кој расистички го малтретира главниот лик. Кон крајот на 1982 година имал голем театарски пробив со преземањето на главната улога во Друга Земја. Следната година, имал споредна улога во Баунти, по што се приклучи на трупата Ројал Шекспир, играјќи го Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер.
Во 1985 година, за првпат бил забележан од критиката во глумењето геј во филмот My Beautiful Laundrette, со сет во Лондон од 1980-тите за време на периодот кога Маргарет Тачер била премиер. Филмот бил позитивно прифатен од критиката.[24] Деј-Луис понатаму добил признание и за Соба со поглед (1985).[25] Во 1987 година, ја добил главната улога во филмот на Филип Хофман, адаптација на романот на Милан КундераНеподнослива леснотија на постоењето, каде игра чешки хирург чиј хиперактивен сексуален живот излегува од контрола па тој емоционално се врзува со жена. Во тек на осумте месеци тој научил чешки и првпат почнал да одбива да излезе од улогата во текот на целото снимање на филмот. Во овој период, Деј-Луис и други млади британски глумци на тоа време како Гери Олдман, Колин Фирт, Тим Рот, и Брус Пејн, биле нарекувани "Британски пакет глумци".[26]
Деј-Луис најмногу ја истакнал личната верзија на методичната глума во 1989 година со улогата на Кристи Браун во Мојата лева нога, на Џим Шеридан со која освоил бројни награди, вклучувајќи и Оскар за најдобра машка улога и BAFTA наградата за најдобар глумец. Браун, писател и сликар, е роден со церебрална парализа и можел да ја движи само левата нога. Деј-Луис се подготвувал за улогата често посетувајќи ја клиниката во Даблин, каде се спријателил со неколку луѓе со пречки во развојот, од кои некои не можеле ни да зборуваат.[27] За време на снимањето, одбивал да излезе од улогата. Играјќи сериозно парализиран лик на екранот, надвор од снимањето требале да го возат во инвалидска количка. Од членовите на екипата исто така, се барало да го хранат со лажичка.
Деј-Луис се вратил на сцената во 1989 година за да работи со Ричард Ејр, во Хамлет во Кралскиот национален театар во Лондон, но паднал на сцената, кога духот на таткото на Хамлет се појавил пред него. Почнал неконтролирано да липа и одбил да се врати на сцената, па друг глумец ја довршил претставата место него.[28] Иако инцидентот бил официјално припишан на исцрпеност, Деј-Луис подоцна тврдел дека го видел духот на својот татко. Оттогаш повеќе никогаш не се појавил на сцена. Медиумите тоа го припишале и на неговата одлука да се пресели од Англија во Ирска во средината на 1990-тите со цел да го поврати чувство на приватност откако се зголемила неговата слава[29].
1990-тите
Во 1992 година, три години по добивањето на Оскарот излегол филмот, Последниот Мохиканец. Деј-Луис за истражувањето за овој филм напорно тренирал и научил да живее во шумата, со кампување, лов и риболов. Тој заради филмот научил и како се прават кануа.[30] Носел долга пушка во секое време во текот на снимањето за да остане во ликот и научил како се дере кожа на животни.[31]
Повторно работел со Џим Шеридан во филмот Во името на Отецот, во кој го играл Гери Конлон, еден од Четворицата Гилфорд кои биле грешно осудени за бомбашките напади на ИРА. Тој ослабел 14 кила, зборувал на северно-ирски акцент на снимањето и надвор од снимањето распоред, и доста време поминувал во затворска ќелија. Тој, исто така, инсистирал членовите на екипата да му фрлаат ладна вода и вербално да го напаѓаат. Со филмот ја добил втората номинација за Оскар, третата BAFTA номинација, и втората номинација за Златен глобус.
Деј-Луис се вратил во 1993 година, во улогата на Њуленд Арчер во филм на Мартин Скорсезе, адаптација на романот Доба на Невиност на Едит Вартон. За да се подготви за филмот, со сет во Америка од 1870, тој два месеца низ Њујорк шетал облечен во аристократска облека со цилиндар, бастун и наметка.[32]
Во 1996 година, Деј-Луис глумел во Crucible, филмска верзија на претставата на Артур Милер. За време на снимањето се сретнал со неговата идна сопруга, Ребека Милер, ќерката на авторот.[33] Потоа работел со Џим Шериданво Боксер како поранешен боксер и ИРА член неодамна ослободен од затвор. Неговата подготовка се состоела во тренинг со поранешниот боксерски светски шампион Бери МекГиган и посета на професионални бокс мечеви.[34][35]
После Боксер, Деј-Луис се повлекол од глумата и тукуречи се пензионирал враќајќи се на неговото поранешно хоби, работа со дрво. Тој се преселил во Фиренца, Италија, каде што се заинтересирал за правење чевли за да почне да го учи занаетот со Стефано Бернер. Во тоа време никој точно не знаел ниту каде е ниту што прави.[36]
2000-тите
По петгодишно отсуство од глумата, Деј-Луис се вратил за да глуми во Бандите на Њујорк (2002) на Скорсезе. Во неговата улога на лошиот водач на банда Вилијам „Бил Касапот“ Катинг, тој играл заедно со Леонардо Ди Каприо, кој игра млад штитеник на Бил. Деј-Луис го почнал неговиот самодисциплиниран метод на учење за улогата и изнајмил касап од јужен Лондон да го подучува како се сече месо. Изнајмил и циркузант да го научи како се фрлаат ножевиy. Додека се снимало не излегол од улогата и зборувал постојано на њујоршки акцент.[37] За изведбата во Бандите на Њујорк ја добил третата номинација за Оскар и ја освоил втората BAFTA награда за најдобра главна машка улога.
После Бандите на Њујорк, жената на Деј-Луис, режисерката Ребека Милер му понудила главна улога во нејзиниот филм Баладата за Џек и Роуз, во кој играл маж на умирање полн со каење за сопствениот живот. Во текot на снимањето средил да живее одвоено од жена му за да ја постигне потребната "изолација" и да се фокусира на реалноста на неговиот лик Филмот добил мешани критики.[38]
Во 2009, Деј-Луис глумел во филмот Девет на Роб Маршал во улога на филмски режисер Гвидо Контини. Бил номиниран за Златен глобус за најдобра машка улога во мјузикл или комедија.
2010
Деј-Луис го глумел Абрахам Линколн во истоимениот филм на Стивен Спилберг (2012).[41] Заснован на книгата Тим на соперници: Политичката генијалност на Абрахам Линколн, филмот почнал да се снима во Ричмонд, Вирџинија во октомври 2011. Деј-Луис цела година се подготвувал за улогата.[42] Прочитал над 100 книги за Линколн и работел заедно со уметникот за шминка за да постигне физичка сличност со Линколн. Филмот добил одлични критики и во голем дел благодарение на изведбата на Деј-Луис. Филмот постигнал комерцијален успех заработувајќи над $275 милиони ширум светот.[43] Во ноември 2012, Деј-Луис добил BAFTA за филмско остварување.[44]
Веднаш потоа Деј-Луис најавил дека ќе направи пауза повлекувајќи се на својата фарма цели пет години, пред повторно да сними уште еден филм.[46]
Неговата прва улога после пет години е во филмот Phantom Thread, со сет во Лондон, во модната индустрија во 1950-тите, во режија на Пол Томас Андерсон.[47] Филмот почнал да се снима во јануари 2017, за да биде објавен на крајот на 2017. На 20 јуни 2017, портпаролот на Деј-Луис најавил дека глумецот се повлекува од глумата.[48]
Приватен живот
Деј-Луис ретко дискутира за приватниот живот. Чувајќи си ја приватноста, својот живот го опишал "долгогодишно учење во бекство". Имал врска со француската глумица Изабела Аџани која траела шест години[49]. Нивниот син Габриел Кејн Деј-Луис се родил во 1995 во Њујорк, неколку месеци по завршување на врската.
Во 1996 заради еден филмски проект ја посетил куќата на Aртур Милер каде се запознал со ќерката на писателот Ребека Милер. Тие се венчале подоцна во текот на годината. Имаат два сина, и живеат на релација Њујорк-Ирска.
Деј-Луис добил ирско државјанство во 1993 и со тоа има двојно британско и ирско државјанство.[50][51][52] Тој тврдел:
"Навистина имам двојно државјанство ама кога ќе помислам на дома, мислам на Англија како моја земја. Ми недостига Лондон многу но не можам да живеам таму бидејќи сакам приватност а поради новинарите принуден сум да биде јавен. Не можев да се справам со тоа".[53]
Даниел Деј-Луис навива за лондонскиот клуб Милвол.[54]
На 15 јули 2010, станал почесен доктор по книжевност на Универзитетот во Бристол, делумно дека билученик во Бристол Олд Вик за време на младоста.[55]
Во октомври 2012, на Универзитетот во Оксфорд ги подарил документите кои припаѓале на татко му, поетот Сесил Деј-Луис, разни пишувања, недовршени поеми и допишувања со познати личности како В.Х.Оден, Роберт Грејвс, и Филип Ларкин.[56]
↑Jackson, Laura (2005). Daniel Day-Lewis: the biography. Blake. стр. 3. ISBN1-85782-557-8. Michael Balcon's family were Latvian refugees from Riga who had come to England in the second half of the 19th century. The family of his wife, Aileen Leatherman, whom he married in 1924, came from Poland.
Global AwardsCurrent: 2023 Global AwardsVenueHammersmith Apollo (2018-2019)Online (2020-2022)CountryUnited KingdomHosted byRoman KempRochelle HumesMyleene KlassKate GarrawayFirst awarded1 March 2018; 5 years ago (2018-03-01)WebsiteOfficial websiteTelevision/radio coverageNetworkCapital FMCapital TV (2018 ceremony only)Heart TV (2018 ceremony only)The Capital FM Website The Global Awards are held by Global Media & Entertainment and reward music played on the British radio...
Kamen RiderPatung Kamen Rider #1 di luar kantor pusat perusahaan Bandai.GenreTokusatsuPembuatShotaro IshinomoriPemeranHiroshi FujiokaTakeshi SasakiAkiji KobayashiJirō ChibaLagu pembukaLet's Go! Rider Kick! oleh Hiroshi Fujioka (1–13) dan Masato Shimon (14-88) (pertama)Rider Action oleh Masato Shimon (89–98) (kedua)Lagu penutupLagu Pengendara Bertopeng oleh Masato Shimon (1–71) (pertama)Rider Action oleh Masato Shimon (72–88) (kedua)Lonely Masked Rider oleh Masato Shimon (89–98) (ke...
Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Januari 2023. Rhinolophus coelophyllus Status konservasiRisiko rendahIUCN19532 TaksonomiKerajaanAnimaliaFilumChordataKelasMammaliaOrdoChiropteraFamiliRhinolophidaeGenusRhinolophusSpesiesRhinolophus coelophyllus Peters, 1867 DistribusiPersebaran Rhinolophus coelophyl...
جينا برنس-بيثوود معلومات شخصية الميلاد 10 يونيو 1969 (54 سنة) نيويورك، ولوس أنجلوس مواطنة الولايات المتحدة عدد الأولاد 2 الحياة العملية المدرسة الأم مدرسة يو سي إل إيه للمسرح والسينما والتلفزيون [لغات أخرى] المهنة مخرجة أفلام، وكاتبة سيناري...
Geographic region of Lebanon South Lebanon redirects here. For other uses, see South Lebanon (disambiguation). Southern Lebanon (Arabic: جنوب لبنان, romanized: janoub lubnan) is the area of Lebanon comprising the South Governorate and the Nabatiye Governorate. The two entities were divided from the same province in the early 1990s. The Rashaya and Western Beqaa Districts, the southernmost districts of the Beqaa Governorate, in Southern Lebanon are sometimes included. The main ci...
Templat:Three other uses Artikel ini membutuhkan rujukan tambahan agar kualitasnya dapat dipastikan. Mohon bantu kami mengembangkan artikel ini dengan cara menambahkan rujukan ke sumber tepercaya. Pernyataan tak bersumber bisa saja dipertentangkan dan dihapus.Cari sumber: Masbate – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR (January 2013) MasbateProvinsiPantai di Esperanza, Masbate BenderaLambangLocation within the PhilippinesNegaraFilipinaRegio...
Australian barrister For his grandfather, a barrister and politician, see Richard Windeyer. Richard Winder, KC, circa 1930 Richard Windeyer KC (9 September 1868 – 8 November 1959) was an Australian barrister. Early life and education Windeyer was born at Darlinghurst in Sydney to William Charles Windeyer and Mary Elizabeth, née Bolton. He and his brother William Archibald attended Sydney Grammar School and the University of Sydney, from which Richard graduated with a Bachelor of Arts i...
English rock guitarist Not to be confused with Adam DeVine. Adam DevlinBackground informationBirth nameAdam Tadek GoreckiBorn (1969-09-17) 17 September 1969 (age 54) Lambeth, London, EnglandGenresIndie rockAlternative rockBritpopOccupation(s)GuitaristSongwriterInstrument(s)Electric guitar / PianoYears active1994–presentWebsitetwitter.com/ad_I_amMusical artist Adam Devlin (born Adam Tadek Gorecki;[1] 17 September 1969) is an English musician, best known as the guitarist and song...
American daily newspaper in California Los Angeles TimesThe front page of the July 10, 2021 Los Angeles TimesTypeDaily newspaperFormatBroadsheetOwner(s)Los Angeles Times Communications LLC (Nant Capital)Founder(s)Nathan Cole Jr.Thomas GardinerPresidentDr. Patrick Soon-ShiongEditorKevin MeridaFoundedDecember 4, 1881; 142 years ago (1881-12-04) (as Los Angeles Daily Times)LanguageEnglishHeadquarters2300 E. Imperial HighwayEl Segundo, California 90245CountryUnited StatesCircula...
Settlement in Slovenia Town in Styria, SloveniaSlovenska Bistrica Windisch-FeistritzTownFrom top, left to right: Bridge over Bistrica river into town, Bistrica Castle, St. Joseph's Church, Convent of School Sisters of St. Francis, Former Hotel, Town center houses FlagCoat of armsSlovenska BistricaLocation in SloveniaCoordinates: 46°23′25″N 15°34′30″E / 46.39028°N 15.57500°E / 46.39028; 15.57500Country SloveniaTraditional regionStyriaStatistical regionDravaM...
British carrier-borne torpedo/dive bomber Barracuda Fairey Barracuda Mk II of 814th Naval Air Squadron over HMS Venerable (R63) Role Torpedo bomber, dive bomberType of aircraft National origin United Kingdom Manufacturer Fairey Aviation Built by Blackburn Aircraft Boulton Paul Westland Aircraft First flight 7 December 1940 Introduction 10 January 1943 Primary users Royal NavyRoyal Canadian Navy Netherlands Naval Aviation Service French Air Force Produced 1941–1945 Number built 2,602 ...
Cushitic ethnic group in Ethiopia and Eritrea SahoሳሆTotal population250,000–650,000 (2015 estimate)[1]Regions with significant populations Eritrea253,000 (2010 estimate)[2] Ethiopia37,000 (2012 estimate)[3]LanguagesSahoReligionPredominantly Sunni IslamRelated ethnic groupsAfarSomali[4]Cushitic peoples The Saho are a Cushitic ethnic group who inhabit large sections of Eritrea and northern Ethiopia.[5][6] They speak Saho as a mothe...
European association football tournament European Champions League and European Cup redirect here. For other uses, see Champions League (disambiguation) and European Cup (disambiguation). This article is about the men's competition. For the women's competition, see UEFA Women's Champions League. Football tournamentUEFA Champions LeagueOrganising bodyUEFAFounded1955; 68 years ago (1955)(rebranded in 1992)RegionEuropeNumber of teams32 (group stage)79, 80, or 81 (total)Qualifie...
Genus of crustaceans Lepeophtheirus L. salmonis, salmon louse Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Arthropoda Class: Copepoda Order: Siphonostomatoida Family: Caligidae Genus: LepeophtheirusNordmann, 1832 [1][2] Type species Lepeophtheirus pectoralis(O. F. Müller, 1776)[3] Synonyms [1] Chalimus Burmeister, 1834 Dentigryps C. B. Wilson, 1913 Homoiotes C. B. Wilson, 1905 Indocaligus Pillai, 1961 Lepeophteirus Nordmann, ...
Canadian boxer Moe HerscovitchBornMontgomery Hart Herscovitch(1897-10-27)27 October 1897Romania[1] or MontrealDied22 July 1969(1969-07-22) (aged 71)Montreal, Quebec, CanadaNationalityCanadianStatisticsWeight(s)WelterweightMiddleweightHeight169 cm (5 ft 7 in)StanceOrthodox Boxing recordTotal fights27Wins11Wins by KO6Losses15Draws1 Olympic medal record Men's Boxing Representing Canada 1920 Antwerp Middleweight Moe 'Montgomery' Hart Herscovitch (27 October 1897 ...
Esoteric diagrams used by the Ophites Reconstruction from Histoire critique du Gnosticisme; Jacques Matter, 1826, Vol. III, Plate I, D. The Ophite Diagrams are ritual and esoteric diagrams used by the Ophite sect of Gnosticism, who revered the serpent from the Garden of Eden as a symbol of wisdom, which the malevolent Demiurge tried to hide from Adam and Eve. Celsus and his opponent Origen (Contra Celsum, vi. §§ 24-38) both describe the diagrams, though not in the same way. Celsus describes...
Cypress Tree Byōbu karya Kano Eitoku, 1590 Sudden Shower at the Atake Bridge, Hiroshige, 1856 Seni rupa Jepang meliputi sejumlah besar gaya dan media seni, yakni tembikar kuno, ukiran, lukisan tinta dan kaligrafi di atas sutra dan kertas, lukisan ukiyo-e dan cetakan blok kayu, kiri-e, kirigami, origami, dan yang paling terkini manga—kartun dan komik Jepang modern—bersama dengan jenis lainnya dari karya seni rupa. Seni rupa Jepang memiliki sejarah yang panjang, bermula dari permulaan pemu...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (مايو 2019) اضغط هنا للاطلاع على كيفية قراءة التصنيف خنافس العنكبوت المرتبة التصنيفية فصيلة فرعية (تصنيف)[1] التصنيف العلمي فوق النطاق حيويات مملكة عليا...