Share to: share facebook share twitter share wa share telegram print page

ДСУ „Методија Митевски Брицо“ - Скопје

ДУФК „Методија Митевски-Брицо“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: Ул. „Димче Мирчев“ бр. 1
Основни информации
Основано: 1950; пред 75 години (1950)
Директор: Љупчо Станковски
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал www.sportskagimnazija.edu.mk
тел. 389 02 3166 550

ДУФК „Методија Митевски-Брицо“ (целосно име: Државно училиште за физичка култура „Методија Митевски-Брицо“ ; наречено и : Фискултурно училиште“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар[1].

Основање и развој

ДУФК "Методи Митевски – Брицо" е основано со решение на Комитетот за физичка култура при владата на НРМ бр.153 на 16.01.1950 год. како прво училиште кое подготвуваше наставен кадар од областа на физичкото и здравственото воспитание, т.е. учители по физичко и здравствено воспитание. Тоа е прво училиште за наставен кадар во Н.Р.М. во кое школувањето траеше четири години.Основањето на  училиштето е последица на динамичниот и брз развој на училишната мрежа и физичката култура во Републиката, како и од потребата од наставен кадар од ова подрачје.

Во текот на своето повеќе од шест децениско постоење училиштето секогаш во прв план ја имаше заложбата максимално да одговори на потребите на општеството образувајќи и воспитувајќи висококвалитетни кадри кои достојно ја претставуваа државата на сите нивоа (балканско, европско, светско и олимписко ниво).

Современиот развој и потребата за квалитетно средно образование кое ќе обезбеди солидна вертикална и хоризонталан проодност на училиштето доведе до размислување за трансформација на училиштето во спортска гимназија, така што истата е направена  со решение на Министерот за образование и наука  бр.11-4186/2 од 19.07.2005 год.

Со трансформацијата на училиштето во посебна стручна гимназија се надминаа проблемите со кои подолго време се среќаваа учениците и вработенитe, како што се застарените наставни програми, така што  наставниот план за спортска гимназија како флексибилен овозможува современа образовна програма која треба да ги задоволи потребите на поединците, високото образование, пазарот на трудот и општеството.

По завршувањето на првата генерација на ученици по наставниот план за спортска гимназија училиштето направи анализа и согласно резултатите поведе иницијатива за измени и дополнувања на наставниот план за спортска гимназија и истите беа донесени во 2010 год. така што учениците кои се запишаа во прва година во учебната 2010/2011 работеа според новиот, изменет и дополнет наставен план за спортска гимназија.

Освоени награди

Познати личности кои учеле во ова училиште

Познати личности кои предавале во ова училиште

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya