Гутау (германски: Guttau) или Хуќина (горнолужички: Hućina) — село и поранешна општина на истокот од Саксонија, Германија. Припаѓа на округот Бауцен и се наоѓа североисточно од истоимениот град. Од 1 јануари 2013 г. е дел од општината Малшвиц.
Географија
Општината се наоѓа во горнолужичката низина, јужно од т.н. лужичка езерска област. Селата Халбендорф, Лемишау, Лиске и Нојдорф се наоѓаат долж реката Шпре.
Села
Неколку села припаѓаат на општината:
- Бреза (Brösa, Brězyna),
- Гутау (Guttau, Hućina),
- Халбендорф/Шпре (Halbendorf/Spree, Połpica),
- Клајнзауберниц (Kleinsaubernitz, Zubornička),
- Лиске (Lieske, Lěskej),
- Лемишау (Lömischau, Lemišow),
- Нојдорф/Шпре (Neudorf/Spree, Nowa Wjes/Sprjewja),
- Руетал (Ruhethal, Wotpočink),
- Варта (Wartha, Stróža).