Процесот на постепено губење на гласот х или негова замена со в или ф (шетах → шетав) започнал уште од 16 век. Овој глас во македонскиот стандарден јазик денес се среќава во некои изворни словенски зборови (храна, храброст) и во заемки од интернационалната лексика (хемија, хигиена), но исчезнал од почетната и меѓувокалната позиција, како и од глаголскиот систем.
Потврда за губењето на гласот х во македонскиот јазик наоѓаме и во криптоанализата. Релативната фреквенција на буквата со која се бележи гласот /h/, т.е. буквата х во текстовите на македонски јазик изнесува 0,146%-0,239%,[1][2] за разлика од бугарскиот на пр. каде што овој глас повеќе се зачувал и изнесува 0,414%-0,655%.[2][3]
Губењето на х во македонскиот јазик е појава што не оди поназад од 16 век. Во турски дефтери и документи од втората половина на 15 век се бележи х во имиња на места и во лични имиња: Храштани, Раховец, Рахотинце, Хорина, Техарче; Хране, Хрвој, Страхина и др. Во поменикот на манастирот Матка (16 век) се среќава без х: место Тетово (од постарото ). Од 1635 г. потекнува запис во кој се зборува за „епископ Тетовски Нїкaнѡр“. И други примери покажуваат дека х се губело најрано во почетокот на зборот пред консонант, како што е и овде случај.
|work=