Грб на Ангола |
---|
|
Подробно |
---|
Грбоносец | Ангола |
---|
Усвоен | 2 ноември 1990 |
---|
Грбот на Ангола е националниот грб или амблем на оваа африканска држава, кој го претставува скорешното минато на државата. Грбот е направен по марксистичката идеологија, додека во минатото државата имала друг грб кој ја симболизирал нацијата.
Грбот е составен од вкрстени мачета и мотика на сина позадина над која има петокрака, а во позадината има изгрев на сонце. Околу овие елементи има венец од половина клип и половина листови од кафе и памук. На дното има отворена книга, а под книгата лента со натпис „Република Ангола“ на португалски јазик.
Мачетата и мотиката ја претставуваат револуцијата преку која се стекнала независноста на државата и важноста на индустријата. Петокраката го симболизира социјализмот, додека сонцето е симбол на нов почеток. Клипот ја симболизира индустријата, додека памукот и кафето земјоделството. Книгата симболизира образование.
Историски грбови
-
Грб на Португалска Западна Африка од 8 мај 1935 до 11 јуни 1951.
-
Грб на Португалска Западна Африка од 11 јуни 1951 до 11 ноември 1975.
-
Мала верзија на грбот од 8 мај 1935 до 11 ноември 1975.
Поврзано
Надворешни врски