Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (позната и како Голема океанска друмска трка или Друмска трка Кедел) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гилонг, Викторија, Австралија, движејќи се долж сликовитиот Голем океански пат.
Првата трка била одржана во 2015 година како трка за збогување за Кедел Еванс, единствениот победник на Тур де Франс и на Светското друмско првенство од Австралија.[1] Изданието во 2017 година било додадено на Светската турнеја по првпат.[2][3]
Трката за мажи е долга 174 километри, додека женската трка е долга 113 километри. Трката започнува во градот Гилонг во сојузната држава Викторија минувајќи низ родниот град на Еванс Барвон Хедс на полуостровот Беларин, поминувајќи до познатата сурферска плажа Белс Бич и долж Големиот океански пат. Потоа, трката се упатува кон ридовите до Гилонг за три круга пред завршницата.[1]