Share to: share facebook share twitter share wa share telegram print page

Географија на Европската Унија

Географијата на Европската Унија ги опишува географските одлики на Европската Унија (ЕУ), повеќедржавен политички ентитет кој зафаќа голем дел од Европа и опфаќа 4.422.773 квадратни километри.[1] Нејзината европска територија се протега североисточно до Финска, северозападно со Ирска, југоисточно со Кипар (остров кој е физичко графички дел од Азија) и југозападно до шпанските ексклави на средоземните брегови на Северна Африка. Покрај тоа, ЕУ вклучува бројни острови низ целиот свет и Француска Гвајана во Јужна Америка.

Колективно, ја претставува седмата најголема територија во светот по област. Вклучувајќи ги сите прекуокеански територии, ЕУ ги дели границите со 20 земји.

Географија по држави-членки

Европската Унија брои 27 земји членки и 8 кандидати. Погледнете ја географијата на секоја држава:

Физичка географија

Поголемиот дел од Европската Унија е на европскиот континент. Единствената земја членка на ЕУ која е целосно надвор од Европа е Кипар, кој е во Азија. ЕУ вклучува помалку од половина од територијата на Европа. Земјите-членки на ЕУ имаат копнени граници со 19 други нации.

Се проценува дека крајбрежјето на Европската Унија е долго 66.000 км,[2] граничи со Атлантскиот Океан, Средоземното Море, Црното Море и Балтичкото Море. Европските планински масиви ги опфаќаат Алпите, Пиринеите, Карпатите, Балканските и Скандинавските Планини и граничните планински масиви на Кавказ и Урал; највисокиот врв во Унијата е Монблан на Алпите. Езерото Венерн во Шведска е најголемото езеро во Унијата.

Наводи

  1. Во составот ги вклучува четирите прекуморски департмани и региони (Француска Гвајана, Гваделуп, Мартиник, Реунион) кои се составен дел на Европската Унија, но не ги вклучува прекуморските заедници и територии, кои не се дел од ЕУ.
  2. European Union Архивирано на 11 јуни 2020 г. CIA World Factbook

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya