Генерал (јапонски: 将軍) — расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1922 година.
Расказот се состои од четири дела чија содржина е независна, но во секој дел се појавува по еден лик од претходниот дел.
Расказот „Генерал“ претставува осуда на милитаризмот, но многумина сметаат дека оваа сатира е премногу блага, имајќи ja предвид тогашната состојба во Јапонија. Тоа произлегува оттаму што во времето кога е пишуван расказот, генералот Ноги заземал висока положба во воената хиерархија и бил сметан за пример на идеален војник и поради тоа Акутагава немал храброст отворено да го спомене неговото име во расказот. Всушност, дури и во ваква блага форма, расказот бил цензуриран. Во 1934 година, кога во Јапонија биле објавени собраните дела на Акутагава, ликот на генералот Ноги бил ставен на поштенска марка, што покажува дека култот кон генералот продолжил дури седум години по смртта на писателот.[5]