Гатчински дворец – скапоцено емајлирано велигденско јајце, направено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1901 година, за Николај II од Русија. Николај II ѝ го подарил на својата мајка, царицата Марија Фјодоровна, на Велигден во 1901 година. Јајцето се отвора за да открие изненадувачка минијатурна златна реплика на дворецот во Гатчина (град јужно од Санкт Петербург), изграден за грофот Григориј Орлов и подоцна бил купен од царот Павле I. Тоа е едно од двете царски велигденски јајца во збирката на уметничкиот музеј Валтерс во Балтимор, Мериленд.
Јајцето било направено од Фабержеовиот мајстор, Михаил Перхин (1860-1903), и е изработено од злато, емајл, позлатено сребро, дијамант, кварц и семенски бисери. Околу дворецот во изненадувањето прикажани се бројни детали – топови, знаме, статуа на Павле I (1754-1801) и пејзажни елементи.
Минијатурниот дворец е фиксиран внатре во јајцето и не може да се поместува за разлика од јајцето Александровски дворец, кој Фаберже ќе го направи седум години подоцна за Александра Фјодоровна. Димензиите се 12,5 x 9,1 cm.
Јајцето се отвора за да открие минијатурна златна реплика на Гратчинскиот дворец, резиденцијата на царицата-мајка вон Санкт Петербург.
Во 1920 година, јајцето било сопственост на Александар Половцов, кој бил поранешен вработен во Гратчинскиот дворец и подоцна отворил антикварница во Париз. Не е познато како Половцов дошол до јајцето.
Во 1930 година, ова јајце му било продадено, заедно со јајцето од 1907 година Јајце со плот и рози, од Американецот Хенри Валтерс и во 1931 година станало дел од колекцијата на Уметничкиот музеј Валтерс. Во 1936 година, ова јајце заедно со јајцето со плот и рози било изложено во Уметничкиот музеј Валтерс во Балтимор, Мериленд и е дел од постојана поставка од 1952 година.
Кокошка (1885) • Кокошка со сафирен клун (1886) • Златно јајце со часовник (1887) • Херувим и кочија (1888) • Несесер (1889) • Дански дворци (1890) • Азовски спомен (1891) • Дијамантска мрежа (1892) • Кавкаско јајце (1893) • Ренесанса (1894) • Воскресение Христово (до 1899, можно е да било изненадувачко јајце „Ренесанса“) • Сино јајце-часовник со змеј (1895) • Јајце со пупка од роза (1895) • Портрети на Александар III (1896) • Јајце со подвижни минијатури (1896) • Розово-виолетово јајце со три минијатури (1897) • Крунисувачко јајце (1897) • Пеликан (1898) • Момини солзи (1898) • Темјанушки (1899) • Букет лилии (1899) • Петел (1900) • Транссибирска магистрала (1900) • Гатчински дворец (1901) • Кошница со цвеќиња (1901) • Ампир (1902) • Детелина (1902) • Дански јубилеј (1903) • Петар Велики (1903) • Лебед (1906) • Московски Кремљ (1906) • Лулка со гирланди (1907) • Јајце со плот и рози (1907) • Паун (1908) • Александровски дворец (1908) • Сеќавање на Александар III (1909) • Јахта „Штандарт“ (1909) • Коњанички споменик на Александар III (1910) • Колонада (1910) • Ловорово дрво (1911) • Петнаесетгодишен јубилеј (1911) • Наполеонско јајце (1912) • Царевич (1912) • Зимско јајце (1913) • Тристалетие на династијата Романови (1913) • Катерина Велика (1914) • Мозаично јајце (1914) • Црвен крст со портрети (1915) • Црвен крст со триптих (1915) • Орден на Свети Ѓорѓи (1916) • Воено челично јајце (1916) • Брезово јајце (1917) • Соѕвездие (1917, недовршено)
Келхова кокошка (1898) • Јајце со панели (1899) • Борова шишарка (1900) • Јаболкови цветови (1901) • Рококово јајце (1902) • Бонбониера (1903) • Келхов шантеклер (1904)
Камено-сино јајце (1886) • Јајце со појас од сини емајли (1885—1891) • Розово кварцово јајце (1899) • Пролетни цветови (1899) • Скандинавско јајце (1899—1903) • Јајце на војвотката Малборо (1902) • Ротшилдско јајце (1902) • Часовник (1903) • Јајце-часовник на Јусупови (1907) • Нобелово ледено јајце (1914) • Мрачно јајце (1917)