Втората Македонска Кошаркарска Лига позната и како Втора лига мажи - кошаркарско натпреварување од втор највисок ранг во Република Македонија.
Формат
Во сезоната 2019/20, во лигата настапуваат 18 кошаркарски екипи, со по 9 екипи во Исток и Запад. Секоја екипа игра двапати против останатите единаесет екипи (дома и гости). Првите четири екипи од двете лиги напредуваат во разигрувањата. Освојувачот на разигрувањата напредува во Првата лига мажи. Вицепрвакот потоа игра бараж за унапредување против претпоследната екипа од Првата лига.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 13 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[16] Подоцна, Федерацијата одлучила во скратен турнир, двете најдобри екипи да бидат унапредени во Првата лига.[17][18] Но на 25 јуни, Управниот одбор заклучил дека поради пандемијата, сепак натпреварување нема да има и првите пласирани екипи од Западот и Истокот (Црн Дрим и ТФТ) биле унапредени во Првата лига.[7][8]
↑ 8,08,1„ТФТ и Црн Дрим нови прволигаши“. basketball.mk преку web.archive.org. 23 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Втор тим на МЗТ Аеродром обезбеди пласман во ПЛМ!“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 25 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-27. Посетено на 27 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)