Влатко Митков (роден на 16 август 1981 во Штип) — македонски ракометар кој настапувал за австрискиот клуб Кремс.
Митков бил долгогодишен репрезентативец и член на ракометната репрезентација на Македонија. Тој бил дел од составот на македонската репрезентација која го освоила петтото место на Европското првенство 2012 во Србија.
Својата репрезентативна кариера, Митков ја завршил во 2017 година.[1]
Признанија
- Најдобар десен бек во австриското првенство во сезоната 2015/16[2]
Наводи