Никола Стојчевски (роден во Ресен на 9 август 1984[1]) — македонски поранешен ракометар.
Кариера
Стојчевски започнал да игра ракомет во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на РК Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар Про. По три поминати сезони во дресот на Вардар, тој започнал интернационална кариера во РК Осиек во 2008 година, а потоа играл во романското првенство во клубовите Клуж Напоха и Пандури Таргу Жију. Стојчевски се вратил во македонската супер лига во 2010 година, потпишувајќи договор со Металург, но сепак, по две поминати сезони, го напуштил клубот и заиграл за тунискиот прволигаш Клуб Африкан.
Со македонската репрезентација, Стојчевски настапил на Европското првенство 2014 во Данска.
Стојчевски првично ја завршил кариерата во дресот на германскиот второлигаш Ферндорф во 2018 година на 33 годишна возраст,[2] но повторно се вратил на професионалниот ракомет две години подоцна, потпишувајќи за шведскиот второлигаш Торсланда.[3]
Наводи
Надворешни врски