Влатко Коруноски-Ларата (Прилеп, 1951 - Прилеп, 5 јуни 2018) — македонски ракометар, легенда на прилепскиот машки ракометен клуб Тутунски Комбинат.
Биографија и кариера
Коруноски е роден во Прилеп во 1951 година. Бил левак и секогаш бил еден од најефикасните поединици во РК Тут-ком. Во неговото активно играње од сезоната 1977/78 година, постојано бил меѓу десетте најдобри спортисти на Прилеп и Тутунски комбинат. Се закитил и со титулата најдобар спортист на градот. Бил постојан репрезентативец на Македонија. Една сезона бил и член на РК Пелистер, но повторно се вратил во матичниот клуб и тука ја завршил играчката кариера.
Од 1984/85 тој бил тренер на женската ракометна екипа, заедно со Петар Кузманоски – Таста. Најголемиот успех во тренерската кариера го постигнал во најквалитетниот женски ракометен колектив на Тутунски комбинат, кои во ракометната сезона 1987/88 станале второлигаши во некогашната Југословенска женска ракометна лига и тоа бил првпат РК „Тутунски комбинат“ да има женска вторологишка екипа.
Починал на 5 јуни 2018 година во Прилеп.[1]
Наводи