Во работничкото движење на Грција учествувал од 1928 година, како член на ОКНЕ. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година.[1] Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил заменик на политичкиот секретар на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година, на 20 јануари ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта (месец април), истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа од мај 1947, бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.[2]