Валтер фест е манифестација која се одржува во Младеновац од 2018 година и има за цел да ги прикаже квалитетот, креативноста и богатата разновидност на филмската продукција во Србија во текот на годината преку избраниот репертоар на филмови од најновата продукција. Гледачите можат да ги видат и оние филмови кои веќе освоиле награди или се во конкуренција за филмски награди.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер и според одлуката на стручното жири ќе биде награден најдобриот филм. За време на фестивалот, галеријата „Фоаје“ на Центарот за култура и туризам Младеновац организира изложба на фотографии од животот и култните остварувања на филмскиот великан Велимир Бата Живојиновиќ, бројни тркалезни маси и средби со еминентни филмски творци, креативни филмски работилници, трибини и разговори со филмски глумци и многу други содржини.[1][2]
Фестивал по години
2018 година
Првиот Валтер фест го отворила г-ѓа Јулијана Лула Живојиновиќ, сопруга на Велимир Бата Живојиновиќ.[3] На отворањето посетителите имаат можност да го погледнат акциониот филм „ Јужен ветер“. На проекцијата на филмот, кој е и дел од натпреварувачката програма на фестивалот. Пприсуствувале жирито и членовите на советот, како и глумците и режисерот на филмот, кои се поклонилр на присутните.[4]
2019 година
Вториот Валтер Фест го отворил Радош Бајиќ на 24 октомври 2019 година. Наградата за животно дело и била доделена на Мира Бањац.[5]