Велимир Бата Живојиновиќ (Роден: 5 јуни 1933 - 22 мај 2016) е еден од најпознатите српски глумци, во Србија и поранешна Југославија.
Својот талент за глума го открива на 15 години, додека како работи како сценаритст и понекогаш статист во Академскиот театар во Белград. После завршувањето на средното глумечко училиште во Ниш и Нови Сад се обидува да се запише на Драмската академија во Белград, и успева на третиот обид за упис. Во Белградскиот драмски театар игра неколку години, а во тој период има и по 300 ангажмани годишно.[1]
Бата Живојиновиќ повеќе го сакаше театарот од филмот, но после неговиот прв филм во 1955, Песна од Кумбара на режисерот Р.Новаковиќ беше почеток на една богата и плодна кариера.Живојиновиќ,кој наскоро ќе стане познат под името Бата, безсомнео има одиграно најмногу филмски улоги, од било кој глумец во историјата на југословенската кинематографија.Континуираната филмска кариера, поради која го напушта театарот Живојиновиќ ќе започнува во епизодите на Возот без возен ред од 1959 година, и војна од 1960 година, двете остварувања на режисерот Велко Булајиќ.
Со филмот Битка на Неретва се стекнува со приматот еден од најголемите ѕвезди на Југословенската кинематографија. Но зенит на неговата популарност се седумдесеттите години на минатиот век, со филмовите со теми од Втората светска војна. Еден од најпознатите филмови од овој период е Валтер го брани Сараево со кој постигнува голем успех во Кина.
Во 1990 е избрани за член на српскиот парламент. Во септември 2002 беше кандидат за претседател на Србија од Социјалистичката партија.
Во Октомври 2006 преживува срцев удар. 2009 добива гангрена од која се опоравува на Куба. 2012 има мозочен удар. Почетокот на Мај 2016 му е ампутирана нога во обид да се спречи ширење на гангрената. Починал на 22 мај 2016 година во Белград.