Македонците во Босна и Херцеговина, познати и како Босанскохерцеговски Македонци или само Босански Македонци, се малцинство коe живеe во Република Босна и Херцеговина.
Според последниот попис од 1991 година, во таа држава живееле 1,596 Македонци.[2] Денешниот број на Македонците кои живеат во БиХ е непознат.
Историја
Македонците почнаа да се доселуваат во територијата на денешна БиХ при почетокот на XX век.[1]
Нов бран на Македонци следувал во периодот по Втората светска војна, кога двете држави, Босна и Херцеговина и Македонија биле дел од новата СФРЈ.[2]
Македонците претежно се доселиле во градовите, како Бања Лука, Сараево, Зеница, Бијељина, Добој, Дервента, Мостар, Зворник, Приедор и други места.[1]
Организации
Македонците во БиХ имаат формирано две организации, првата беше формирана во Сараево во 1992 година. Другата, Асоцијацијата на Македонците во Република Српска, беше формирана во 2002 и е сместена во Бања Лука.[3]
Наводи
|
---|
| Балкан | | |
---|
| Европа | |
---|
| Америка | |
---|
| Океанија | |
---|
|