Боро Ацевски-Пашата (14 септември 1914 во Скопје — 28 април 1959 во Скопје) — македонски сликар и иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки.[1]
Покрај со сликарство, учел и соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков.[1]
Животопис
На почетокот на Втората светска војна (1941) се приклучил кон народноослободителната борба. Во 1943 година како партизан бил еден од основачите на КУД „Кочо Рацин“ во селото Горно Врановци.[1]
Ацевски бил член на Операта и Балетот на Македонскиот народен театар (1948-1951), каде што исполнувал помали тенорски улоги.[1] Имал своја улога и во првата македонска опера Гоце.[2]
Наводи