Битка кај Галиполе (1312)

Битка кај Галиполе
Дел од the Османлиски војни во Европа
Датум 1312
Место Галиполе , Византиско Царство, денес во Турција
Исход Српска победа
Завојувани страни
Османлиско Царство Кралство Рашка
Команданти и водачи
Хали Паша Новак Гребострек
Сила
под 2000[1] 2000
Жртви и загуби
голем број[1], но неколку спасени или побегнати[2]

Битката кај Галиполе се водела помеѓу српските војски кои биле испратени од страна на Стефан II Милутин со цел да помогнат на византискиот цар во заштита на своите територии од Османлиите. По неколкуте несупешни обиди на Византија, таа била принудена да побара помош од Србија. Турците започнале со ограбување на околината околу полуостровот Галиполе. Османлиите во битката биле поразени, а како заслуга и благодарност, византискиот цар на Србија и го дала градот Куцово.

Оваа битка е првата битка помеѓу Србите и Османлиите на европска земја. Византиското Царство, која била во момент на голема криза и распаѓање, од Србите повторно побарала помош во 1313 година. Знаејќи за големата опасност која претстоела од Турците, царот Стефан II Милутин повторно ја испратил својата војска, под раководство на Новак Гребострек во Мала Азија. Се смета дека во оваа кампања, Србите забележиле одредени помали успеси против Османлиите.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Nicol, Donald, The last centuries of Byzantium, 1261-1453, (Cambridge University Press, 1993), 139.
  2. Bartusis, Mark, The Late Byzantine Army, (University of Pennsylvania Press, 1997), 83.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!