БинкБенк Тур 2018 — 14. издание на велосипедската етапна трка БинкБенк Тур, која се одржала помеѓу 13 и 19 август како дваесет и деветти настан во сезоната на Светската турнеја. Трката била одржана на територија на Белгија и на Холандија.[1][2]
Трката била освоена од Словенецот Матеј Мохорич.
Рута
Патеката за трката била објавена во февруари 2018 година.[3]
Екипи
Бидејќи БинкБенк Тур е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Пет професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 23 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (5) |
|
Етапи
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал зелената маичка.
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал црната маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.
Наводи
Надворешни врски