Шон Мајкл-Ленард Андерсон[2] (англ. Sean Michael-Leonard Anderson; роден на 25 март 1988 година),[3] естрадно познат како Биг Шон ― американски рапер од Детроит.
Рани години
Шон Мајкл Ленард Андерсон бил роден на 25 март 1988 година, во Санта Моника, Калифорнија.[4] Кога имал три месеци, семејството се преселило во Детроит, каде што бил одгледан од неговата мајка и неговата баба.[3][5] Во Детроит развил љубов кон музиката и хип-хопот. Во тинејџерските години, почнал да учествува во месни рап-натпревари и брзо се истакнал со своите вештини за рима и енергични настапи.[6]
Музичка кариера
2005–2006: Почетоци
Во 2005 година, за време на радиоинтервју на радиото 102.7 FM во Детроит, Биг Шон се запознал со раперот Кање Вест. И покрај тоа што му биле дозволени само неколку минути, Шон успеал да го импресионира Кање со своите рап-способности.[7] Две години подоцна, Вест потпишал договор со Биг Шон со издавачката куќа GOOD Music.
2007–2010: Издавање миксови
На 30 септември 2007 година, Биг Шон го издал неговиот прв официјален микстап Finally Famous: The Mixtape. Шон објавил втор микс на 16 април 2009 година, под наслов UKNOWBIGSEAN . Третиот микс на Шон бил издаден на 31 август 2010 година, под наслов Finally Famous Vol. 3: BIG. Микстејпот содржел 20 песни.[8]
Неговиот втор студиски албум Hall of Fame бил објавен на 27 август 2013 година. Албумот го содржел хитот „Beware“ со Џене Аико и Лил Вејн, како и „Fire“. Иако албумот не го достигнал комерцијалниот успех на неговиот претходник, тој добил пофалби од критичарите за зрелоста на текстовите и за неговата продукцијата.
На 25 јануари 2015 година, многу музичари кои работеле на претстојниот трет студиски албум на Биг Шон, како: Кање Вест, Тај Дола Сајн, диџеј Мастард, Дрејк, Тревис Скот и Аријана Гранде на Твитер или на Инстаграм ја објавиле насловната страница од албумот.[13] Албумот, Dark Sky Paradise дебитирал на врвот на Билборд 200.[14] Албумот содржел многу хитови како „I Don’t Fuck with You“ со Е-40, „Blessings“ со Дрејк и Кање Вест и „One Man Can Change the World“ со Кање Вест и Џон Леџенд.
2016–Денес: Соработки и понатамошни успеси
На 31 октомври 2016 година, Биг Шон го издал „Bounce Back“ како водечки сингл од неговиот четврти студиски албум, I Decided, објавен на 3 февруари 2017 година.[15] Албумот повторно дебитирал на прво место на Billboard 200 и ги содржел хитовите: „Bounce Back“ и „Moves“. Шон се консултирал со Џеј Зи и Рик Рубин додека работел на албумот. [16]
Два месеци по објавувањето на I Decided, на Биг Шон му бил понуден официјалниот клуч за градот Детроит за неговиот придонес во неговата сопствена фондација Шон Андерсон.[17][18][19]
На 3 ноември 2017 година, Шон и Метро Бумин го објавиле синглот „Pull Up N Wreck“. На 8 декември 2017 година, го издале заедничкиот албум Double or Nothing.[20]
На 4 септември 2020 година Биг Шон го издал албумот Detroit 2 кој бил продолжение на неговиот популарен микс-тејп од 2012 година, Detroit. Албумот содржел соработки со Пост Мелоун, Еминем, Џене Аико и Лил Вејн.[21] Албумот дебитирал на прво место на Билборд200.[22]
Во октомври 2021 година, Биг Шон објавил заедничко EP со продуцентот Hit-Boy под наслов What You Expect.[23]
Во јули 2024 година, Биг Шон го издал заедничкиот сингл „Tobey“ со колегите-рапери од Детроит Еминем и Бејбитрон; синглот се искачил на 27-мо место на Billboard Hot 100 и служел како втор сингл за дванаесеттиот албум на Еминем, The Death of Slim Shady (Coup de Grâce).
Личен живот
Биг Шон од 2007 година бил во врска со Ешли Мари, девојка во која бил заљубен во средношколските денови, а раскинале на почетокот од 2013 година. [24] Потоа почнал да излегува со глумицата Наја Ривера, со која се запознал на Твитер; нивната врска станала јавна во април 2013 година.[25] Шон и Ривера биле свршени од октомври 2013 до април 2014 година.[26][27] Биг Шон, од октомври 2014 до април 2015 година бил во врска со пејачката Аријана Гранде.[28][29]
Биг Шон е во врска со пејачката Џене Аико од 2016 година.[30][31][32] Во неговата песна „Deep Reverence“ од 2020 година, тој открил дека Аико претходно доживеала спонтан абортус.[33] Нивниот син е роден на 8 ноември 2022 година.[34]
Биг Шон е познат по својата посветеност кон Детроит и неговата заедница. Често зборува за влијанието што градот го имал врз неговата музика и живот. Покрај музиката, Биг Шон е вклучен и во филантропски активности преку својата фондација, Sean Anderson Foundation, која има за цел да ги поддржи младите и образованието.
↑ 3,03,1Jeffries, David. „Big Sean Biography“. AllMusic (англиски). Архивирано од изворникот на February 16, 2021. Посетено на May 1, 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „AllMusic“ е зададен повеќепати со различна содржина.
↑Ketchum, William E. III (August 20, 2008). „Son of the streets“. Detroit Metro Times. Архивирано од изворникот August 7, 2011. Посетено на March 22, 2011.