Безел (Германија)

Безел (Германија)
Музејски парк „Ам Палерт“
Музејски парк „Ам Палерт“
Музејски парк „Ам Палерт“
Знаме на Безел (Германија)
Грб на Безел (Германија)
Безел (Германија) во рамките на Германија
Безел (Германија)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Клопенбург
Месни единици 9
Градоначалник Херман Блок (ДХС)
Основни податоци
Површина 100,1 км2
Надм. височина 13 м
Население 8.895 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 89 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CLP
Пошт. бр. 26219
Повик. бр. 0 44 94
Портал www.boesel.de
Местоположба на Безел (Германија) во рамките на округот Клопенбург
Карта
Карта
Координати 53°00′21″N 7°57′15″E / 53.00583°N 7.95417°E / 53.00583; 7.95417

Безел (германски: Bösel) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

Местоположба

Безел се наоѓа во северниот дел на округот Клопенбург во мочурливо подрачје.

Соседни општини

Безел се граничи на север со општината Едевехт (округ Амерланд), на исток со општината Варденбург (округ Олденбург), на југ со општината Гарел и на запад со градот Фризојте (обете во округот Клопенбург).

Општински единици

Безел е составен од девет единици: Безел-Орт, Едевехтердам (само неколку куќи, поголемиот дел припаѓа на градот Фризојте), Гласдорф, Хилсберг, Остерлох, Остланд, Оверлае, Вестерлох и Петерсдорф.

Историја

Безел бил првпат споменат во 1080 година под името Борсла (Borsla; = „шума на брановит брег“) во документ на епископот од Оснабрик.

Прв пишан документ за капела во Безел е од 1574 година, но Безел бил раздвоен од парохијата во Алтенојте и станал посебна парохија во 1876 година.

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!