Есен (службено: Есен (Олденбург); германски: Essen (Oldenburg)) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 5 километри северно од Квакенбрик и 15 километри југозападно од окружниот град Клопенбург.
Општината е составена од 18 места и Есен како нејзино средиште. Името Олденбург се поврзува со местоположбата во јужниот дел на Олденбуршкиот крај.
Географија
Местоположба
Есен припаѓа на географската област Артланд, наоѓајќи се во рамки на Северногерманската Низина. Низ општината тече реката Хазе.
Општински единици
Општината Есен е составена од следниве единици: Адруп (298), Ахаузен (144), Барлаге (74), Бартмансхолте (242), Бевердик (11), Беверн (714), Бокел (10), Брокстрек (447), Калхорн (168), Дарел (32), Есен-Орт (вкл. Остендорфе) (4015), Фелде (128), Гут Лаге (32), Херберген (181), Хилзенмор (1300), Нордхолте/Штатсхолте (43), Остересен (302), Зандлох (85), Уптлох (345) (во загради бројот на жители).[2]
Соседни општини
Соседни општини се следниве: на север Ластруп и Капелн, на исток Бакум, на југ општинската заедница Артланд, на запад Ленинген, како и на југоисток Динклаге.
Галерија
Наводи
Надворешни врски