Бад Харцбург

Бад Харцбург
Поглед од Бургберг
Поглед од Бургберг
Поглед од Бургберг
Грб на Бад Харцбург
Бад Харцбург во рамките на Германија
Бад Харцбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Градски единици 8
Градоначалник Ралф Абрамс (Зелени)
Основни податоци
Површина 65,42 км2
Надм. височина 261 м
Население 21.738 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 332 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS
Пошт. бр. 38667
Повик. бр. 05322
Портал www.stadt-bad-harzburg.de
Местоположба на градот Бад Харцбург во рамките на округот Гослар
Карта
Карта
Координати 51°52′52″N 10°33′44″E / 51.88111° СГШ; 10.56222° ИГД / 51.88111; 10.56222

Бад Харцбург (германски: Bad Harzburg) — град во средишниот дел на Германија, сместен во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија. Се наоѓа на северните падини на планинскиот масив Харц и е признаен како солена бања и климатско-рекреативен центар.

Географија

Местоположба

Бад Харцбург се наоѓа на северните падини на планинскиот масив Харц на самата граница со националниот парк. На исток е границата помеѓу сојузните покраини Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт, поранешната внатрегерманска граница. Малата река Радау, притока на Окер, избира во планините Харц и тече низ градот. Соседни градови се Гослар на запад, Финенбург на север, Браунлаге на југ и Илзенбург и Остервик на исток.

Градски единици

Единици во рамките на градот Бад Харцбург се:

  • Бад Харцбург
  • Бетингероде
  • Биндхајм
  • Екертал
  • Гетингероде
  • Харлингероде
  • Шлевеке
  • Вестероде

Историја

Среден век

Според легендата, околу 78- година, царот Карло Велики, по освојувањето на областа во тек на Саксонските војни, изградил капела на Бургберг, ридот над градот. Веројатно била подигната на местото на светото место посветено на богот „Кродо“, чија скулптура Карло Велики ја урнал.

Кралот Конрад I се верува дека основал школа за свештеници во 916 година, со цел да го зацврсти своето владеење во Војводството Саксонија под власт на Хајнрих Птичарот. Кралот Хајнрих III морал да префрли во својата резиденција во Гослар во 1039 година. При лоши услови со Саксонците, неговиот син и наследник Хајнрих помеѓу 1065 и 1068 година имал голем замок, Харцбург (Harzburg), изграден на Бургберг за да го контролира регионот, која била под опсада во 1073 година од силите на војводата Отон од Нордхајм во текот на Големиот саксонски бунт. Хајнрих успеал да избега од замокот, кој по Герштунгенскиот мир бил лошо оштетен од напаѓачите. Царот Фридрих Барбароса повторно го обновил откако го поразил неговиот соперник, саксонскиот војводат Хајнрих Лавот во 1180 година. Синот на Хајнрих Отон IV бил крунисан за свет римски цар во 1209 година, умирајќи во замокот на 19 мај 1218 година.

Бад Харцбург околу 1900 година

Археолошките пронајдоци на првата, подоцна напуштена, населба под замокот наречена Шуленроде потекнуваат од X век. Друга месност под името Хартесборх (Hartesborch) била првпат спомената во 1314 година во декрет на бенедиктанскиот манастир во Илзенбург. Денешниот град, тогаш наречен Нојштат (Neustadt), бил првпат споменат во 1338 година.

Ново време

Од 1488 година натаму, Харцбург со околните имоти бил дел од Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител, иако подоцна бил поделен од резиденцијата на принцот во Волфенбител со соседните епископски кнежевства Хилдесхајм и Халберштат. Околу 1569 година, војводата Јулиј од Брауншвајг го промовирал развојот на бунарот со солена вода за вадење на сол. Бунарот бил наречен Јулиусхал (Juliushall) и од 1852 година солените бањи се користеле и за други медицински цели.

Во 1892 година, жителите на градот го промениле името на градот од „Нојштат“ во „Харцбург“ (Harzburg). Титулата „Бад“ (германски за „бања“) била додадена подоцна, а самите градски права ги добил во 1894 година, од кога станал и важен бањски град и туристичко одредиште.

XX век

Харцбуршкиот фронт на обединетата „национална опозиција“ против германската влада на Хајнрих Брининг била предводена од Алфред Хугенберг од националконзервативната Германска национална народна партија (DNVP), водството на Националсоцијалистичката германска работничка партија (NSDAP), паравоениот сојуз Челичен шлем (Stahlhelm) и групата Пангермански сојуз и бил создаден на 11 октомври 1931 година. Двете партии, народната и нацистичката партија учествувале во владата на Слободната Држава Брауншвајг од 1930 година, со водечкиот нацистички политичар Дитрих Клагес како министер за внатрешни работи од септември 1931 година.

Во текот на Втората светска војна биле воспоставени воедни болници во неколку хотели. Градот бил предаден без борба на американските војници на 11 април 1945 година.

По војната, Бад Харцбург со земјите на Брауншвајг припаднал на британската окупациска зона, а од 1949 година бил дел од Западна Германија. Пред повторното обединување, неговата железничка станица била источна крајна станица на главната железничка станица западно од внатрегерманската граница.

Население

Статистика за населението
Година Жители
1821 4.358
1848 4.679
1871 6.132
1885 7.630
1905 11.568
1925 14.164
Година Жители
1933 14.744
1939 16.686
1946 27.417
1950 29.901
1956 26.487
Година Жители
1961 25.946
1968 26.256
1970 25.334
1975 25.780
1980 24.924
Година Жители
1985 23.662
1990 23.882
1995 23.599
2000 23.100
2005 22.734
2010 21.891

Знаменитости

Столб Каноса (Canossasäule)
  • Замокот Харцбург бил уништен во 1650 година по наредба на војводата Август Помладиот, па така денес се останати само руини. Западниот дел нуди прекрасен панорамски поглед на Северногерманската низина. На овој дел се наоѓа столбот „Каноса“, висок 19 метри, подигнат во 1877 година во чест на Патот до Каноса од царот Хајнрих IV во 1077 година и познатата изрека на канцеларот Ото фон Бизмарк при Културната борба со Римокатоличката црква „Нема да одиме до Каноса“ (Nach Canossa gehen wir nicht). Жичницата „Бургберг“ го поврзува градот и ридот од 1929 година.
  • Замокот Биндхајм (Bündheimer Schloss) бил седиште на фогт на Војводството Брауншвајг-Линебург. Бил подигнат во 1685 година под власт на војводата Рудолф Август на местото на поранешна велепоседничка куќа, изградена во 1573 година, која била уништена во Триесетгодишната војна. Замокот го заменил Харцбург како седиште на локалната власт, бил изграден со камења од урнатиот замок.
  • Близу замокот Биндхајм се наоѓаат штали на хиподромот во Бад Харцбург, едни од најстарите во Европа, основани во 1413 година од војводите на Брауншвајг-Линебург. Блискиот хиподром е место на годишната тркачка недела (Harzburger Rennwoche).
  • Ванделхале (Wandelhalle) — историското средиште на бањското место. Изграден во 1898 година на местото на поранешниот солен бунар, денес се користи за читања и предавања. На другата страна на бањскиот парк се наоѓа поранешната бања, која денес е казино.
  • Лутеранската парохиска црква (Lutherkirche) од 1903 година има слики од брауншвајшкиот дворски сликар, Адолф Квензен, и оргули „Зауер“.
  • Источно од Бад Харцбург се наоѓа Крстот на германскиот Исток ([[Ostlandkreuz) во чест на илјадниците протерани Германци од Источна Европа по Втората светска војна. Изграден во 2000 година на височина од 555 метри на ридот Уленклипен, 18-метарскиот крст го заменил постариот од 1950 година, кој бил уништен од бура.
  • Саксонските извори, средновековен извор во блиската шума и извор на питка вода за замокот Харцбург.

Политика

Вообичаена градска куќа од XIX век

Градоначалници

Градоначалникот Ралф Абрамс (Зелени) бил избран во два круга на 22 септември 2002 година со 53,8% од гласовите. Абрамс е првиот политичар од зелените кој станал градоначалник во Долна Саксонија. Бил наследник на Клаус „Јокел“ Хоман, градоначалник со долг стаж од SPD.

Од 1981 до 1986 година, градоначалник бил Јирген Дорка (ДХС).

Збратимени градови

Бад Харцбург е збратимен со следниве градови:

Сообраќај

Сојузниот автопат 4 поминува низ Бад Харцбург, поврзувајќи го градот со автопатот А395 до Брауншвајг на север и со Нордхаузен и Ерфурт на југ. Во насока исток-запад, поминува сојузниот автопат Б6 кој води до автопатот А14 до Бернбург и до Хановер.

Железничките услуги се обезбедуваат од станицата Бад Харцбург од регионалните возови на Германските железници кои одат до Хановер, Брауншвајг, Холцминден и Хале.

Луѓе

Почесен граѓанин

Луѓе од Бад Харцбург

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!