Зезен (германски: Seesen) — град во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на северозападните падини на планинскиот масив Харц, околу 20 километри западно од градот Гослар. Денес градот брои помалку од 20.000 жители.
Географија
Местоположба
Зезен се наоѓа на благи ридести падини пред планинскиот масив Харц и се смета како „прозорец на Харц“ поради поволната сообраќајна положба.
Кон Зезен (10.759 жители без единиците) припаѓаат следниве единици:
Билдерлае (465 жители)
Борнхаузен (1.010 жители)
Енгеладе (593 жители)
Херхаузен на Харц (723 жители)
Илдехаузен (708 жители)
Кирхберг (529 жители)
Мехтсхаузен (370 жители)
Минхехоф (1.520 жители)
Риден (2.710 жители)
Бројот на население за сите места се однесува на 31 декември 2013 година.[2]
Историја
Саксонската населба „Зехуза“ (Sehusa) била првпат спомената во 974 година во декрет издаден од царот Отон II и канцеларот Вилигис, од 1235 година припаѓала на велфските војводи Брауншвајг-Линебург, кои го изградиле и самиот замок. Во 1428 година, Зезен добил градски права од војводата Отон II Едноокиот од Брауншвајг-Гетинген. Во 1836 година, Хајнрих Енгелхард Штајнвег (подоцна именуван Хенри Енгелхард Стејнвеј) го направил своето прво големо пијано во неговата кујна во Зезен; инструментот денес се наоѓа во њујоршкиот музеј Метрополитен.