Бад Фалингбостел (германски: Bad Fallingbostel; долносаксонски: Bad Fambossel) — град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот. Од 1976 година градот е признаено покраинско лекувалиште, а од 2002 година ја поседува титулата бањски град или „Бад“. Во јули 2015 година му била одземено признанието за покраинско лекувалиште откако Градскиот совет одлучил да не инвестира повеќе го таа област.
Во негова околина се наоѓа еден од најголемите воени полигони на НАТО во Европа, како и касарни на британската армија. Во октомври 2015 година британската војска ја напуштила оваа касарна. Градбите биле користени за сместување на бегалци.
Градски единици
Градот Бад Фалингбостел се состои од следниве единици: самиот град, Дорфмарк, Рипе, Фирде, Јетебрух и Менгебостел.
Самиот град се состои од следниве места:
во западниот дел: Идинген, Ам Витхоп, Ам Роксберг
во северниот дел: Адолфсхајде, Гросе Хајде, Лемхорст, Клинт
во источниот дел: Обер- и Унтер-Гринхаген
во јужниот дел: Ам Вајнберг, Гевербегебите Ан дер Аутобан, Прелсфелд, Ербкер Берг и Ост
Историја
Бад Фалингбостел бил првпат споменат како Вастулингебурстале (Vastulingeburstalle) во 993 година и има документирана историја повеќе од 1000 години. Првично бил чиста земјоделска населба, бидејќи земјоделството било основа за живот на жителот на старите Саси. Името означувало „куќа на Вастуло“ или „куќа на Вастулингијците“. Отон III ги исцртал границите помеѓу бискупиите Хилдесхајм и Минден.
Намесништвото Фалингбостел било основано околу 1300 година. Подоцна било наречено Амт Фалингбостел и постоело до XIX век. Во 1838 година, Хајнрих фон Квинтус-Ицилиус, наследник на намесникот, ја основал Шпаркасе Фалингбостел, една од првите рурални банки во Кралството Хановер. Во 1866 година, новата пруска покраина Хановер била поделена на административни окрузи, а еден од нив бил округот Фалингбостел. Фалингбостел го добил статусот на град во 1949 година.
Во текот на Втората светска војна, Фалингбостел бил место на два кампа за воени заробеници, Сталаг XI-B и Сталаг XI-D / 357.[2]
За 2011 година било планирано спојување на Бад Фалингбостел со градот Валсроде и општината Бомлиц во градот Беметал. На 2 ноември 2008 година овие планови биле понудени на граѓанско изјаснување и биле прифатени од Валсроде и Бомлиц, но Бад Фалингбостел бил против. Поради тоа спојувањето не се случило.
Политика
Градски совет
Општински избори на 11 септември 2016 година[3], на 11 септември 2011 година[4], на 10 септември 2006 година и на 9 септември 2001 година[5] ги дале следниве резултати:
Во Бад Фалингбостел се наоѓа музејот на Археолошото друштво. Во мегалитскиот парк Остерберг се наоѓаат леднички остатоци од Скандинавија.
Други археолошки знаменитости се Седумте камени куќарки, кои се проценува дека се стари 5000 години. Тие се наоѓаат на полигонот Берген (во близина на Остенхолц).[6] Постојат и гробови од бронзено доба кај местото Фирде.
Знаменитости во градот се:
Бањскиот парк
Дворот на Хајдмарк
Евангелистичката црква „Св. Дионис“ во центарот на градот
Градот е недалеку од големиот воен полигон Берген-Хоне, кој моментално се користи од германската војска и од силите на НАТО. Тој се наоѓа во слободните области Остерхајде и Лохајде. Дополнително, постои касарната Фалингбостел, дел од британските трупи во Германија.
Касарната била затворена во 2015 година, откако британската војска го намалила присуството во Германија пред целосното повлекување во 2020 година.[7]
Сообраќај
Бад Фалингбостел има две железнички станици, Бад Фалингбостел и Дорфмарк, кои се наоѓаат на железничката Хановер-Золтау.