Линдведел (германски: Lindwedel) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
Местоположба
Линдведел се наоѓа северно од Швармштет, помеѓу Хановер и Валсроде и во јужниот дел на туристичката област долина на Алер-Лајне.
Соседни општини
Соседни општини се Фесбек, Ведемарк, Буххолц, Гриндау и Есперке.
Општински единици
Општината Линдведел е составена од селата Линдведел и Хопе.
Историја
Постојат старини за постоење населба во областа неколку милениуми. Првото пишано споменување на Линдведел е од 1304 година.
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| | |
|