Бад Ротенфелде (до 1905 година: Ротенфелде ; германски : Bad Rothenfelde ) — општина во округот Оснабрик , во сојузната покраина Долна Саксонија , Германија . Местото е признато одморалиште и лековита бања.
Местото е сместено на Тевтобуршката Шума , околу 20 километри југоисточно од безокружниот град Оснабрик , помеѓу Хилтер на Тевтобуршката Шума и Дисен на Тевтобуршката Шума .
Географија
Местоположба
Бад Ротенфелде се наоѓа неколку километри јужно од Тевтобуршката Шума на премин кон Источна Вестфалија и во триаголникот на градовите Билефелд , Минстер и Оснабрик . Највисока точка е „Клајне Берге“ (208 метри; Kleine Berg ).
Општински единици
Кон Бад Ротенфелде припаѓаат местата Ашендорф и Штранг.
Соседни општини
Бад Ротенфелде на запад се граничи со Бад Лар , на север со Хилтер на Тевтобуршката Шума , на исток со Дисен на Тевтобуршката Шума , додека на југ со градот Ферсмолд во округот Гитерсло (Северна Рајна-Вестфалија ).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Грб на округот Оснабрик