Менслаге

Менслаге
Поглед на местото
Поглед на местото
Поглед на местото
Грб на Менслаге
Менслаге во рамките на Германија
Менслаге
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Оснабрик
Општ. заед. Артланд
Градоначалник Дорис Шмит (СДП)
Основни податоци
Површина 65,18 км2
Надм. височина 23 м
Население 2.517 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 39 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OS
Пошт. бр. 49637
Повик. бр. 05437, 05431
Портал www.menslage.de
Местоположба на Менслаге во рамките на округот Оснабрик
Карта
Карта
Координати 52°41′0″N 7°49′0″E / 52.68333°N 7.81667°E / 52.68333; 7.81667

Менслаге (германски: Menslage) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

Местоположба

Менслаге се наоѓа во северниот дел на областа Артланд на преминот кон Олденбуршки Минстерски крај. Малата река Хазе тече низ општината од исток кон запад.

Општински единици

Менслаге се состои од поранешните самостојни општини, кои во 1972 година биле припоени кон него:

  • Менслаге
  • Ханенмор
  • Хален
  • Андорф
  • Ренслаге
  • Клајн Мимелаге
  • Боторф
  • Борг

Соседни општини

Менслаге на исток се граничи со Квакенбрик и Бадберген, на југ со Нортруп, Кетенкамп, Егермилен и Берге, на запад со Херцлаке (округ Емсланд), како и на север со Ленинген и Есен (обете во округот Клопенбург).

Галерија

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!