Бад Бланкенбург

Бад Бланкенбург

Bad Blankenburg

Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Грб на Бад Бланкенбург
Бад Бланкенбург во рамките на Германија
Бад Бланкенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Градски единици 8
Градоначалник Мике Георге (СГ)
Основни податоци
Површина 35,62 км2
Надм. височина 220 м
Население 6.029 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 169 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07422
Повик. бр. 036741
Портал www.bad-blankenburg.de
Местоположба на градот Бад Бланкенбург во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°41′0″N 11°16′0″E / 50.68333°N 11.26667°E / 50.68333; 11.26667

Бад Бланкенбург (до 1911 година: Бланкенбург; германски: Bad Blankenburg) — бањски град во округот Залфелд-Рудолштат, во Тирингија, Германија. Се наоѓа 6 километри југозападно од Рудолштат и 37 километри југоисточно од покраинскиот главен град Ерфурт.

Во 1840 година, во Бад Бланкенбург првпат се појавил концептот на детска градинка развиен од Фридрих Фребел.

Географија

Местоположба

Бад Бланкенбург се наоѓа во југоисточниот дел на покраината Тирингија во градскиот триаголник Зале, кому му припаѓаат градовите Залфелд и Рудолштат. Бад Бланкенбург се наоѓа на северниот раб од Тириншките Шкрилни Планини, каде се влива реката Рине во Шварца, чија долина претставува туристичка област.

Градски единици

Кон Бад Бланкенбург припаѓаат следниве осум единици (во заградите, првото споменување):[2]

  • Белшајбен (1361), 70 жители
  • Кордобанг (1071), 83 жители
  • Фребиц (1375), 58 жители
  • Гросгелиц (1362), 77 жители
  • Kleingölitz (1362), 74 жители
  • Обервирбах (1286), 86 жители
  • Вацдорф (1261), 136 жители
  • Цајгерхајм (1350), 122 жители

Соседни општини

Соседни општини на градот се Бехштет, градот Кенигзе, градот Рудолштат, градот Залфелд и општината Шварцбург.

Историја

Во XIX век, Бад Бланкенбург бил дел од малото кнежевство Шварцбург-Рудолштат.

Политика

Градски совет

Градскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]

Слободни гласачи 8 места (+4)
CDU 7 места (±0)
Die Linke 5 места (−3)
SPD 0 места (−1)

Збратимени градови

Бад Бланкенбург е збратимен со следниве градови:

Галерија

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 2., verbesserte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2001, ISBN 3-934748-58-9, S. 11–67.
  3. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!