Залфелд

Залфелд

Saalfeld

Градската црква во Залфелд
Градската црква во Залфелд
Градската црква во Залфелд
Грб на Залфелд
Залфелд во рамките на Германија
Залфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Градски единици 14
Градоначалник Штефен Канија (ДХС)
Основни податоци
Површина 145,56 км2
Надм. височина 235 м
Население 29.224 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 201 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07301–07318
Повик. бр. 03671
Портал www.saalfeld.de
Местоположба на градот Залфелд во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°39′0″N 11°22′0″E / 50.65000° СГШ; 11.36667° ИГД / 50.65000; 11.36667

Залфелд (службено: Залфелд/Зале; германски: Saalfeld, Saalfeld/Saale) — град во Германија и административно седиште на округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во триаголникот Зале, заедно со градовите Рудолштат и Бад Бланкенбург.

Градот е сместен на реката Зале, а југозападно од него започнуваат Тириншките Шкрилни Планини. Најпозната знаменитост се Залфелдските самовилски пештери. Исто така, градот е значајна железничка раскрсница.

Порано бил седиште на династијата Саксо-Кобург и Гота, дел на саксонската династија Ветин, која била преименувана во династијата Виндзор во текот на нивното британско владеење во 1917 година.

Географија

Реката Зале во градот

Залфелд се наоѓа во долината на Зале, по која градот го добил своето име, сместен на височина од 235 метри. Југозападно од градот започнуваат Тириншките Шкрилни Планини, а на градското подрачје се наоѓаат врвови над 500 метри. На југ се наоѓа долината на Зале, односно на нејзините притоки Локвиц и Зормиц. Долините се длабоки и тесни, на кои се изградени бројни вештачки брани наречени „Каскади на Зале“.

Залфелд има 28.000 жители. Заедно со соседните Рудолштат и Бад Бланкенбург, Залфелд ја создава областа на три-града со население од околу 70.000 жители.

Клима

Просечните годишни врнежи изнесуваат 528 мм, најсув месец е јануари, додека најмногу врнежи паѓале во август.

Соседни општини

Градот се граничи со следниве општини: Рудолштат, Унтервеленборн, Каулсдорф, Пробсцела, Грефентал, Нојхаус на Ренвег, Рорбах, Дешниц, Шварцбург и Бад Бланкенбург.

Градски единици

Кон Залфелд припаѓаат следниве единици, подредени според нивните броеви во статутот:

  1. Залфелд
  2. Алтзалфелд
  3. Гарнсдорф
  4. Граба
  5. Кедиц
  6. Оберниц
  7. Ремшиц
  8. Горндорф
  1. Бојлвиц со Ауе на Берг, Бојлвиц, Крестен и Велсдорф
  2. Арнсгеројт
  3. Залфелдер Хее со Бернсдорф, Биркенхајде, Браунсдорф, Буркерсдорф, Дитерсдорф, Дитрихсхите, Ојба, Хоенајхе, Клајнгешвенда, Кнобелсдорф, Лозиц-Јемихен, Решвиц, Унтервирбах, Фолкмансдорф, Викерсдорф, Витмансгеројт и Вицендорф
  4. Витгендорф
  5. Рајхмансдорф со Геселсдорф и Шлагетал
  6. Шмидефелд со Таубенбах

Историја

Залфелд, Матхојс Меријан, околу 1650 година

Залфелд е еден од историските градови на Тирингија, веројатно основан во седмиот век околу тириншката тврдина, денес наречена Хоер Шварм или лужички замок (Sorbenburg). Областа била првпат спомената во декрет од 899 година. Замокот Кицерштајн се издига на возвишение над реката Зале, се вели дека првично бил изграден од германскиот крал Хајнрих Птичарот, иако денешната градба не била изградена пред XVI век. Во 1012 година последниот отонски цар Хајнрих II го отстапил поранешниот каролиншки Kaiserpfalz на грофот Ецо од Лотарингија, чија ќерка била ветена на Келнскиот архиепископ.

Според локалниот хроничар Ламберт од Херсфелд, Келнскиот архиепископ Ано II во 1071 година ја основал бенедиктанската опатија тука, која брзо прераснала во црковен центар во источна Тирингија, но била уништена во текот на германската војна на селаните во 1526 година. Францисканскиот манастир бил основан околу 1250 година, кој исто така бил распуштен во текот на Реформарцијата. Царот Фридрих Барбароса од династијата Хоенштауфен го прогласил градот за царски град, делови на неговите средновековни ѕидини и кули се зачувани и денес. Сепак, граѓаните во 1208 година ги добиле градските права од рацете на грофовијата Шварцбург како нивни феудални владетели.

Династија Ветин

Во 1389 година градот конечно бил освоен од грофот Балтазар од Тирингија, член на династијата Ветин. Економијата на Залфелд се зголемувала преку околните рудници, сообраќајот на реката Зале, како и од рибарството (оттаму и грбот на градот). Владетелите на династијата Ветин ја изградиле градската црква „Св. Јован“ во готски стил на местото на претходната романескна градба до 1514 година. Готското градско собрание било завршено во 1537 година. Владејачката династија ја достигнала нејзината важност, кога во 1423 година сите ветински земји биле споени во Изборното Кнежевство Саксонија (Горна Саксонија).

Меѓутоа, веќе во 1485 година, изборниот кнез на Саксонија Ернст се согласил со поделбата од Лајпциг со неговиот помлад брат војводата Алберт Трети. Ернст ги задржил јужните тириншки имоти со Залфелд; неговиот внук Јохан Фридрих I ја изгубил кнежевската титула во 1547 година со капитулацијата на Витенберг, со што завршила Шмалкалдиската војна, заедно со сите негови имоти надвор од Тирингија. Потврдено од царот Максимилијан II на Собранието во Шпајер во 1570 година, наследниците на Јохан Фридрих ги задржале само војводствата Саксо-Вајмар и (од 1572) Саксо-Кобург-Ајзенах. По смртта на војводата Фридрих Вилхелм во 1602 година, Залфелд припаднал на новосоздаденото војводство Саксо-Алтенбург, од 1673 година познато како Саксо-Гота-Алтенбург.

Саксо-Кобург-Залфелд

Замок Залфелд

По неколку пожари во раниот XVI век, Залфелд бил обновен во раскошниот ренесансен стил. Во 1675 година, војводата Алберт Петти по неговото назначување го одбрал градот за негова резиденција и од 1677 година па натаму замокот Залфелд бил изграден на уништената бенедиктанска опатија, која во 1680 година припаднала на помладиот брат Јохан Ернст Четврти. По смртта на Алберт во 1699 година, Јохан Ернст исто така го зазел Саксо-Кобург и се нарекол војвода на Саксо-Кобург-Залфелд.

Замокот, кој бил обновен и денес е административна градба на градот, бил дом на четири генерации на линијата Саксо-Кобург-Залфелд. До 1825 година, Залфелд останал еден од двата главни града на војводството, заедно со Кобург, неговиот франкониски збратимен град на југот. Четвртиот војвода Ернст Фридрих (1724–1800) бил последен роден во Залфелд; во 1764 година, го преместил главниот град од Залфелд во Кобург, каде во 1805 година неговиот син и наследникот Франсис (1750–1806) го купил замокот Розенау за негова резиденција.

Во текот на времето на војводата Ернст Трети во 1826 година, соседната војводска линија на Саксо-Гота и Алтенбург исчезнала. Ернст го добил поранешното Саксо-Гота, но со размената морал да се откаже од Залфелд во корист на војводата Бернхард Втор.

Понови времиња

На 10 октомври 1806 година, обедината пруска и саксонска војска се сретнала со силите на француската армија под водство на генералот Жан Лане во Битката кај Залфелд, каде принцот на Прусија бил убиен. Отворањето на железницата Лајпциг-Пробсцела го зголемила развојот на градот. По Првата светска војна и Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., Залфелд станал дел од новосоздадената држава Тирингија. Како железничка раскрсница и град на војската од 1936 година, бил важна цел во стратешкото бомбардирање во Втората светска војна.

По повоената поделба на Германија, Залфелд бил граничен премин на внатрегерманската граница на железницата Зал, една од рутите, која може да биде употребена од возовите помеѓу Лајпциг/Хале и Нирнберг. Како граничен премин, Залфелд станал важен јужен терминал на возовите на ГДР. Поради постојаната употреба на парните локомотиви во Источна Германија, откако биле укинати во Западна Германија, областа станала мека за железничките ентузијасти следните години. Меѓутоа, и покрај тоа што бил многу близу со границата со Западна Германија на југ, сепак не бил многу достапен.

Политика

Градски совет

Градското собрание
Воздушен поглед на градот

Градскиот совет на градот Залфелд се состои од 32 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Партија Места +/−
CDU 10 ±0
AfD 5 +5
SPD 4 ±0
LINKE 4 −3
FDP 3 ±0
GRÜNE 3 +1
Момците 2 ±0
Слободни гласачи 1 −1
Вкупно 32 +2

Градоначалник

Градоначалник е Штефен Канија (CDU), кој бил избран на последните избори на 15 април 2018 година.

Збратимени градови

Залфелд е збратимен со следниве градови:

Градски триаголник Залебоген

Градовите Залфелд, Рудолштат и Бад Бланкенбург соработуваат од 1997 година како градски сојуз „Градски триаголник Залебоген“ (Städtedreieck am Saalebogen).

Стопанство

Главната железничка станица

Традиционално, Залфелд бил познат по рудниците за сребро. Денес, Залфелд има голем број на индустрии, вклучувајќи го производството на машини, тули, бои, слад, цигари и оцет. Други присутни индустрии и пиварниците, издачката, како и неколкуте рудници во областа.

Туризмот и сличните активности создаваат значаен дел од локалната економија.[3] Поради неговата сликовита поставеност помеѓу планините и езерата на долината Зале, во областа постојат бројни можности како планинарење, скијање, рибарење, ловење, искачување на карпи, едрење и бројни други активности.[4]

Познати луѓе

Галерија

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2012-12-23.
  4. [1]

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!