Изборно Кнежевство Саксонија или Горна Саксонија (германски: Kurfürstentum Sachsen) — територија на Светото Римско Царство, создадена од Саксонија-Витенберг во 1356 и опстојувала до 1806 година кога било основано Кралство Саксонија. Главни градови биле Витенберг, Мајсен и Дрезден.