Ваквите астероиди обично имаат албедо од 0,20[1] и се умерено сјајни, сочинети претежно од железни и магнезиумскисиликати. Преовладуваат во внатрешниот дел на астероидниот појас во рамките на 2,2 ае, а чести во средиштето на појасот до 3 ае, но понатаму стануваат поретки. Најголем е 15 Евномија (широк 330 км), по што следат 3 Јунона, 29 Амфитрита, 532 Херкулина и 7 Ирида. Најголемите од нив се видливи со двоглед 10×50; насјајниот (7 Ирида) понекогаш надминува +7,0 во сјајност, што му дава најголема величина од сите астероиди освен необично отсјајната 4 Веста.
Нивниот спекатар има умерено стрмна косина на бранови должини помали од 0,7 микрометри (μм), со умерени до слаби впивни особини околу 1 и 2 μм. Впивноста од 1 μм го означува присуството на силикати (каменест минерали). Наретко има широка, но плитка впивна особина сосредоточена околу 0,63 μм. Составот на овие астероиди е сличен на низа каменести метеорити кои делат слични спектрални особености.
Класификација
Класифијација по SMASS
Во класификацијата по SMASS, неколку начелно „каменести“ типови на астероиди се ставаат заедно во поширока група S, опфаќајќи ги следниве типови:
„јадрен“ тип S за астероиди со спектри најтипични за групата S
Типови Sa, Sk, Sl, Sq и S кои опфаќаат преодни тела меѓу јадрениот тип S и типовите A, K, L, Q и R. Целиот склоп на S-астероиди е спектарски посебен од јаглеродната група C и често металната група X.
Толенова класификација
Во Толеновата класификација, типот S е мошне широка група која ги содржи сите типови од групата по SMASS освен A, Q и R, кои имаат особено изразени „каменести“ впивни особини околу 1 μм.