Системот на Дејвид Толен објавен во 1975 г. се засновал на направените набљудувања врз 110 астероиди. Според него, типот U важел за разни класи на астероиди со необични спектри кои не одговарале на типовите C и S. Во 1976 г. некои од тие астероиди со необично умерено албедо биле ставени во тип M.[4]
Околу 1981 г. се појавил разгранок на типот M кој важел за мали планети со спектри истоветни на телата од типот M, но со мало албедо нескладно на тој тип. Тие првично биле означени како астероиди од типот X, а потоа им се дадени типовите DM (темен M) или PM (псевдо-M), за на крај да добијат своја класа — типот P (каде P означува „псевдо-M“).[4]
Својства
Астероидите од типот P се едни од најтемните тела во Сончевиот Систем поради многу малите албеда (pv<0,1) и делуваат богати со органски материи, слично на јаглеродните хондрити. По боја се нешто поцрвени од типот S и немаат спектрални особини. Црвената боја може да се должи на органски соединенија поврзани со керогенот.[5][6] Спектрите на отсјајност на типот P можат да се препроизведат со здружување на 31 % CI- и 49 % CM-групите на јаглероднихондритни матеорити, како и 20 % од метеоритите од езерото Тагиш, откако ќе претрпат топлински метаморфизам и вселенско трошење.[2]
Во надворешниот дел на главниот астероиден појас подалеку од 2,6 ае од Сонцето преовладуваат астероиди од типовите C, D и P со мало албедо. Ова се примитивни астероиди чиј материјал можеби претрпил хемиски измени под дејство на течна вода. Познати се 33 астероиди од типот P. Покрај тоа, се смета дека ваквите астероиди се среќаваат во надворешниот астероиден појас и подалеку од него.[7] Најзастапени се на орбитално растојание од 4 ае.[8]
↑ 2,02,1Hiroi, T.; и др. (15–19 март 2004). „What are the P-type Asteroids Made Of?“. Proceedings, 35th Lunar and Planetary Science Conference. League City, Texas. Bibcode:2004LPI....35.1616H.
↑Ziffer, J.; Campins, H.; Licandro, J.; Fernandez, Y. R.; Bus, S. (август 2005). „Near-infrared Spectra of Two Asteroids with Low Tisserand Invariant“. Bulletin of the American Astronomical Society. 37: 644. Bibcode:2005DPS....37.1529Z.
↑ 4,04,1Tholen, D. J.; Bell, J. F. (март 1987). „Evolution of Asteroid Taxonomy“. Proceedings, 18th Lunar and Planetary Science Conference. Houston, Texas. стр. 1008–1009. Bibcode:1987LPI....18.1008T.