Зборот апокриф потекнува од грчки збор кој во превод значи скриен, таен, обвиткан. Овие текстови биле скриени и чувани во тајност во манастирите и биле достапни за свештениците или на луѓето упатени во религиозните тајни. Апокрифите се однесувале на личности, настани во Библијата за кои се давало оскудни податоци. Кратките библиски текстови ги развиле во опширни содржини, прераскажувани на интересен начин со цел да се придобие влијанието на читателската публика.