Антонио Филевски (роден на 26 март 1966 година) ― македонски поранешен фудбалски голман и репрезентативец.
Клупска кариера
Филевски бил главен голман во Вардар во текот на речиси целите деведесетти. Единствен исклучок бил кога отишол во Португалија, на шест месеци, во 1993 година, да игра во Рио Аве, и кога отишол, уште шест месеци, во Белгија, во 1996 година, да игра во Мехелен. Од 1998 година, тој играл најмногу во Србија, прво во Железник две сезони. Играл шест месеци во Беласица од Струмица, а потоа, веќе пред да се пензионира, за српски Обилиќ во 2001 година.
Меѓународна кариера
Првите повици за настап во македонската фудбалска репрезентација Антонио ги имал уште додека играше во Вардар, уште во раната фаза на репрезентацијата. Тој го направил своето деби за сениорскиот состав на пријателскиот натпревар против Бугарија во мај 1996 година. На 9 ноември 1996 година, Филевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Филевски бил во резервите и не влегол да игра.[1][2] Филевски има стекнато вкупно 10 натпревари, без постигнати голови. Тој бил редовен избор сè до неговото пензионирање во 2001 година.[3]
Почести
Наводи
Надворешни врски