Алжирското метро (арап.مترو الجزائر العاصمة, берберски: Адубрид е ѕајер, француски: Métro d'Alger), коe служи во Алжир, главниот град на Алжир, е систем на метро кое датира од 1970-тите, кој било дизајниран да одговори на потребата за масовен превоз предизвикан од растот на градот. Официјално започнат во осумдесеттите години на минатиот век, проектот забавил како резултат на финансиските тешкотии и безбедносните проблеми во 90-тите години. Проектот одново започнал во 2003 година. Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика присуствувал на отворачката церемонија со сечење ленти на Метрото на 31 октомври 2011 година.[1] Алжирското метро потоа било отворено за патниците следниот ден, 1 ноември 2011 година,[2] што го направил Алжир само вториот главен град во Африка (по Каиро) што има метро систем.[6]
Првата фаза од линијата 1, „Хај ел Бадр“ - „Тафура-Централна пошта“, која се протега на 9,2 km и 10 станици, била отворени за јавни услуги на 1 ноември 2011 година.[1] Продолжеток од 4 km од „Хаш ел Бадр“ до „Ел Харач Центар“ бил отворен за комерцијална услуга на 4 јули 2015 година по тест-проби во јуни.[7][8]