Алжир (на арапски: الجزائرal-Jazāʼir, буквално "островите"; берберски: Ldzayer) — главен град и најголем град во Алжир во Северна Африка. Според пописот од 2008, населението на градот изнесувало 2,988,145[1], додека вкупниот број жители во агломерацијата бил 4,500,000. Прекар на градот е al-Bahjah (البهجة) или Alger la Blanche ("белиот Алжир"), поради белите згради кои се гледаат од морето. Алжир се наоѓа на западната страна на залив на Средоземното Море. Името на градот е резултат на неговата местоположба на слаповите на Сахел, верига од ридови паралелни со брегот.
Модерниот дел од градот е изграден на бреговите на Средоземјето, додека стариот дел е на ридовите. Стариот дел го краси цитадела.
Наводи
↑Попис од 14 април 2008: Национален завод за статистика на Алжир
(web).